fbpx

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

При претрес во дом на едно лице биле пронајдени повеќе пиштоли кои се незаконски држени, пари, околу 20 илјади евра и листа на лица кои на незаконски начин требало да бидат вметнати и да бидат поткупени за да дадат право на глас, информираше Тошковски

-

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си го оствари своето право на глас, а секој еден кој ќе се обиде на незаконит начин да влијае било како во рамки на овој изборен ден треба да му биде јасно дека МВР во координација со надлежен јавен обвинител и судот ќе делуваат бескомпромисно. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во изјава за медиумите, откако денеска го оствари своето право на глас.

„Секое незаконито дејствие од страна на секој еден поединец ќе има име и презиме и ќе одговараат пред законот“, рече тој.

Тој информираше дека изборниот ден е стабилен од безбедносна состојба, а според информациите со кои располага МВР, сите избирачки места биле отворени навреме.

„Вчера имало повеќе незаконити настани кои беа пријавени до МВР. Имало обиди за поткуп со давање бонови за гориво од одредени членови на партија во Крива Паланка, како и злоупотребата на лични податоци и гласачки ливчиња на граѓаните кои биле споделувани во групи со цел информирање на одредена политичка партија за тоа кој го остварил правото на глас и за кого на територија на СВР Охрид“, рече тој.

Имало и случај во Велес, односно при претрес во дом на едно лице биле пронајдени повеќе пиштоли кои се незаконски држени, пари, околу 20 илјади евра и листа на лица кои на незаконски начин требало да бидат вметнати и да бидат поткупени за да дадат право на глас.

„Од страна на судија на претходна постапка е определен притвор за ова лице. Вчера имавме повреда на изборен процес на територија на СВР Охрид, во Кичево каде се забележани повеќе лица кои со возила вршеле поткуп за одредена политичка партија и во однос на овој правен аспект се постапува од страна на МВР“, рече Тошковски.

Тој ги повика граѓаните да не дозволат нивниот глас да биде злоупотребен од било кого и порача дека потребно е да се има фер, демократски услови со масовна излезеност зошто само така може да се има европски избори кои ќе не одведат онаму каде што треба да се наоѓа земјата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...