понеделник, 20 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Панче Тошковски | 42 резултати

Видеата со оштетени полициски возила „пежо 408“ се монтирани

јануари 23, 2026

Од МВР велат дека објавените видеа на кои е прикажано дека дел од новите полициски возила се оштетени, се фотомонтажа. Оттаму додаваат дека станува збор за целосна невистина и апелираат да не се шират лажни вести кои имаат цел да ги манипулираат граѓаните, пишува Вистиномер во написот кој ви го пренесуваме во целост

МВР доби 120 нови полициски возила опремени со најсовремените тетра системи

декември 26, 2025

Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно завршената набавка и проект, нагласувајќи дека со новите возила значително се подобрува мобилноста на припадниците на полицијата

Системот „Безбеден град“ откри слабости, граѓани добивале известувања за казни иако не возеле

декември 2, 2025

И странските возила ќе бидат опфатени со системот. При напуштање на државата нема да можат да бидат задржани, но ќе се соочат со забрана за повторен влез доколку не ја платат казната, рече Тошковски

МВР уништи над четири тони и илјадници стебла марихуана, дваесет килограми друга дрога и над илјада парчиња оружје

септември 15, 2025

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје. „Денеска уништуваме над четири […]

Општина Кисела Вода не ја доби ветената нова полициска станица

август 2, 2025

Разговорите меѓу градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи Тошковски, нивниот заеднички увид на локацијата каде што би се градела новата полициска станица и изработката на проектната документација од страна на општинските служби, се само почетна фаза во реализацијата на проектот. Ветувањето на градоначалникот Ѓорѓиевски за нова полициска станица останува неисполнето, пренесува Вистиномер. Во предизборната […]

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

јули 19, 2025

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од тие две жени не е само личен напад — туку порака до сите други жени кои размислуваат да се кандидираат или да се вклучат […]

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

јули 9, 2025

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи дека дел од пожарите се подметнати. „Имаме основано сомнение дека пожарите се подметнати од страна на човечки фактор. Се истражуваат повеќе наоди за пожари […]

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

јули 9, 2025

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран и механизмот за европска помош во справување со пожарите и максимално се ставаат сите капацитети на државата во функција“, изјави Тошковски. Како што […]

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

април 29, 2025

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога загинаа 62 лица. Министерот на средбата вети дека ќе има правда за случајот и се извини што во моментот не може да ги сподели […]

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

април 19, 2025

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и […]

Коцевски: ДЗС ниту еднаш низ годините не спровеле инспекциски мерки на објектот „Пулс“ и на останати клубови

април 13, 2025

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Како што вели, во текот на вчерашниот ден ОЈО Кочани ја проширило истрагата за нови 19 лица. „Сите како и претходните, за кои беше поведена истрага, се осомничени за тешки дела […]

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

март 27, 2025

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на новинарите во сите редакции им испрати табела со бројот на загинати по возраст. Од неа произлегува дека загинале 3 лица на возраст од 16 години и 3 лица на возраст од 17 години, што значи вкупно 6 малолетници, пренесуваме објава во целост од Вистиномер. Рецензираме објава  на Фејсбук во која се […]

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

март 19, 2025

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на таа лицена осмничени се седум полициски службеници кои помогнале при креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани. „Со потпишување документи и одобрување позитивна […]

Премиерот не би требало да одредува ничија вина или невиност, па ни онаа на Папазов

март 19, 2025

Факт е дека во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски оцени дека градоначалникот на Кочани кој поднесе оставка, Љупчо Папазов, нема никаква одговорност во врска со трагедијата во Кочани. Тоа е во спротивност со ветувањето дека секој ќе одговара, без оглед од која партија и да е и недоследно во однос на почитување на поделбата […]

Контраспин: Неумесно и нечовечки е вината за трагедијата во Кочани да се фрла врз бендот

март 18, 2025

Од почит кон починатите и кон оние чиј живот виси на конец, неумесно и нечовечки е министерот Тошковски да го вперува прстот кон бендот, барем не во овие први моменти по трагедијата. И да е така, а тоа допрва ќе се види, што е со недостатоците на системот и со корупцијата во него и низ […]

Тошковски: Пиротехничките прскалки ги донел бендот, лицето задолжено за нив е починато

март 17, 2025

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека пиротехничките средства кои го предизвикаа пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, 150 се повредени од кои 22 во тешка состојба, ги донел бендот кој вечерта настапувал „на диво“. Според Тошковски, за жал, лицето кое било задолжено за пиротехниката е починато. „Дискотеката немала соодветна лиценца, […]

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

март 16, 2025

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин. Не можам да дадам повеќе детали за да не ја загрозам истражната постапка, изјави пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Не откривам […]

Тошковски: 59 починати во пожарот, од нив 35 се веќе идентификувани

март 16, 2025

Педесет и девет лица загинале во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои и еден полицаец на службена должност кој работел на откривање присуство на малолетни лица и дрога во објектот, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од нив идентификувани се 35, од кои 31 се од Кочани и четири од Штип, а […]

До сега 51 загинат и 100 повредени во Кочани – пожарот настанал од пиротехничките средства на концертот

март 16, 2025

Во пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, според податоците на Министерството за внатрешни работи, животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се хоспитализирани низ болниците во Штип, Кочани и Скопје. Министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата ги утврдува околностите за одговорност. Тој изрази сочувство до блиските на загинатите. „Синоќа околу […]

Страна 1 од 2