СДСМ предлага законски измени за продолжување на важноста на возачките документи

„Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот“, наведено е во соопштението на СДСМ

-

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопштија денеска од партијата. Во меѓувреме, и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Канал 5 вчера најави измени на Законот за изменување и дополнување на законот за патните исправи и Законот за безбедност во сообраќајот и рече оти измените ќе бидат итно доставени до Владата.

„Со измени на законите, граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме, граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание“, пишува во соопштението на СДСМ.

Тошковски пак, кажа дека измените што тој ги предлага, се единствено решение на моменталната криза во која се доведени граѓаните кои од денеска, како што рече, се заробени во државата.

„Има решение на проблемот и тоа е многу едноставно. Ако има политичка волја за еден ден ќе ги решат маките на луѓето. За еден ден решение има, само треба да сакаат да имаат политичка волја. И немојте да ја залажуваат јавноста дека ќе сме прекршиле договор. По нивната логика, докторска, а не правничка, договорот е веќе прекршен. Но, ние не го прекршуваме договорот во предлог измените. Овде велиме „во рамки на технички функционални и возможни, објективни услови“ коишто ги имаме, да го усогласиме истиот согласно возможното и реалното“, вели Тошковски.

Тој кажа дека во моментов во државата има само 5.000 македонски и 10.000 албански обрасци за печатење пасоши, а причина за тоа бил несериозниот и непрофесионален пристап на претходното раководство.

Заклучно со Законот за патни исправи кој е на сила, од утре пасошите кои се со старото име нема да важат. Согласно законот за безбедност во сообраќајот, од утре нема да важат ни возачките дозволи кои се со старото име Република Македонија, ниту за внатрешна, ниту за надворешна употреба.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...