понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: СДСМ | 2.394 резултати

СДСМ: Трипуновски испратил празни страници како одговор во случајот со суспензијата на ИПАРД

23 ноември 2025

СДСМ објави дека Министерството за земјоделство доставило празна документација како одговор на нивното официјално барање за информации за суспензијата на ИПАРД. Од партијата велат дека министерот Трипуновски не дал податоци за причините, времетраењето и последиците од суспензијата

Николовски: Поради корупцискиот скандал со ИПАРД, ЕУ може да стопира 128 милиони евра за македонското земјоделство

8 ноември 2025

СДСМ обвинува дека корупцијата на функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ ја доведува во прашање целата ИПАРД-3 програма, а илјадници земјоделци се соочуваат со ризик да ги изгубат инвестициите

За СДСМ Извештајот на ЕК е дебакл на власта, за ВМРО-ДПМНЕ тој е форма на притисок

5 ноември 2025

По објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со спротивставени толкувања за оценките на Брисел. Опозицијата говори за алармантен извештај и застој во евроинтеграциите, додека власта тврди дека документот е „извештајче“ кое се користи за притисок. Ќе бидеме спремни за членство во ЕУ кога ЕУ ќе биде спремна да нè прими, велат од владејачката партија

Филипче: Извештајот на ЕК е најлошиот во последната деценија, државата е во застој

5 ноември 2025

Регионот оди сериозно напред, а ние ризикуваме да останеме слепо црево на Балканот. Младите ја гледаат состојбата и иднината ја бараат надвор, порача Филипче. Според претседателот на СДСМ, оваа влада ниту има визија, ниту капацитет да ја води државата напред

Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ по вториот круг од изборите

26 октомври 2025

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека по завршувањето на вториот круг од локалните избори ќе следуваат политички и кадровски промени во раководството на партијата. Тој изјави дека резултатите од изборите се јасен показател за тоа каде партијата постигнала напредок, а каде треба да се направат промени и да се засили работата. „Дозволете да најавам […]

Локални избори 2025: Со весела математика и со по некој спин, сите среќни и задоволни

21 октомври 2025

Партиите секоја со свој поглед на резултатите од првиот круг од локалните избори. Повеќе им се мери и прикажува успехот, подзамижуваат на неуспехот, а спинуваат при толкување на бројките и за едното и за другото. Но реалноста е малку поинаква. Како реални релативни победници, можат да се оценат ВЛЕН и делумно Левица, реални релативни загубари […]

Како почна така и завршува првиот дел од кампањата – оцрнувања, врамувања, навреди

17 октомври 2025

Ваквиот тек на кампања го наметнуваат и лидерите на двете најголеми парламентарни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тој започна уште на стартот на официјалниот дел со врамување и оцрнување дури и на самите слогани,  пишува „Вистиномер“.  Кампањата за локалните избори чиј прв круг е закажан в недела (19.10.2025), е невообичаена во смисла дека сите поголеми парламентарни […]

Министерството за култура ја обвини СДСМ за рушењето на спомен-куќата на Малески

16 октомври 2025

Кривична пријава ќе добие работникот кој вчера, со работна машина, додека изведувал градежни работи, го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески во Велешта, струшко, а која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство, информираат денеска во Министерството за внатрешни работи (МВР). Во меѓувреме, пак, реакција во врска со ова стаса и […]

Трка за младите гласачи, партиите ветуваат училишта, младински центри и платенo практикантство

16 октомври 2025

Во пресрет на локалните избори 2025 година, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица ги презентираа своите програми за идниот развој на Скопје, во кои се најавуваат низа проекти насочени и кон подобрување на секојдневието на младите. Партиите најавуваат инвестиции во образованието, културата и менталното здравје на младите. Дел од плановите вклучуваат реновирање на училишта, платена пракса за […]

Отпадот, воздухот и транспортот – главни теми во програмите на кандидатите за градоначалник на Скопје

15 октомври 2025

Речиси сите потенцијални градоначалници на Градот Скопје, кои се кандидираат на претстојните локални избори, имаат едно заедничко ветување, дека редовно ќе собираат отпад и ќе обезбедат доволно канти, контејнери и камиони за ѓубрето. Иако се кандидати за прв човек на главен град во Европа и во 21 век, тие зборуваат за  елементарни работи како одржување […]

Искршени стаклата од влезната врата на изборниот штаб на СДСМ во Градско

9 октомври 2025

Искршени се стаклата на влезната врата на изборниот штаб на СДСМ во Градско, објавија од опозициската партија. Од таму бараат Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски да постапат, случајот да биде расчистен и сторителите да одговараат. Од СДСМ велат дека кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со инциденти, провокации или злоупотреби на […]

Предлог-резолуција на СДСМ со црвени линии за јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ

25 септември 2025

Најголемата опозициска партија СДСМ денеска претстави Предлог-резолуција за утврдување на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленувањето на земјава во Европската Унија. Лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција денеска рече дека решенијата се предлагаат имајќи ги во предвид старешките национални и државни интереси и огромниот процент на поддршка за пристапувањето […]

СДСМ обвинува за хаос во образованието: Не е точно дека има учебници за сите ученици

4 септември 2025

Министерката Весна Јаневска ветуваше дека сите оновци и средношколци стартуваат со учебници по сите наставни предмети. Но, тие или недостасуваат или децата воопшто ги немаат, а и тие што ги имаат се искинати, распарталени или половични, обвини денеска опозициската СДСМ. „За четврто и за петто одделение речиси и да нема учебници. Во седмо нема физика, […]

Непоткрепени и несоодветни обвинувања за пироманство и некрофилство

31 јули 2025

За да ги употреби овие термини, особено обвинувањето за пироманство, владејачката партија треба да поседува цврсти докази, кои во овој случај би требало да бидат поткрепени најмалку со судски прифатен обвинителен акт во кој јасно се наведува и се поткрепуваа со факти дека тие и тие лица потпалувале пожари по налог на партијата СДСМ или […]

По усвоената интерпелација на јавниот обвинител: Коцевски со штитот или на него?

31 јули 2025

Интерпелацијата е изгласана, ама таа нема обврзувачко дејство – разрешувањето на државниот обвинител е возможно само преку процедура уредена co Законот за јавното обвинителствои не предвидува можност за политичка одговорност – каква што е интерпелацијата. Владата може да поднесе предлог за негово разрешување до Собранието, но претходно мора да добие позитивно мислење од Советот за јавни обвинители, а […]

Контраспин: Уапсениот струмичанец не може да биде доказ за потпалувачко сценарио

31 јули 2025

Спинувањето и изнесувањето невистини за пожарите од страна на двете најголеми партии во македонскиот блок никако да престане. ВМРО-ДПМНЕ ползува криминални мотиви кај поединец да докаже дека во СДСМ организирано потпалуваат пожари во државата, СДСМ пак, повторно спинува со 20-те проценти изгорена територија, пренесува Вистиномер.   Пишува: Теофил Блажевски   Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ изнесоа […]

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

19 јули 2025

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од бугарски служби и медиуми, со поддршка од опозициската СДСМ. Лефков тврди дека операцијата се води преку мрежа од бугарски портали и т.н. „mushroom“ веб-страници […]

Страна 1 од 120