fbpx

За СДСМ новите министри се кадри на Груевски, Мицкоски најавува фуриозен почеток на инвестиции

Иако сè уште не е седнат во премиерската фотелја, мандатарот Мицкоски најави за вторник, 25 јуни, промоција на инвестиција од 400 милиони евра

-

Со меѓусебни обвинувања и жестоки реплицирања меѓу новата власт и опозицијата во тек е собраниската седница за избор на новиот владин состав, која започна во 11 часот.

Во излагањето на експозето, Мицкоски најави намалени даноци и зголемени пензии, влада на економски развој, раст од пет отсто на БДП и годишна инфлација од 2 – 2,5 отсто годишна инфлација. Од собраниската говорница, Мицкоски вети и намалување на невработеноста на 7% и зголемување на платите.

Иако сè уште не е седнат во премиерската фотелја, мандатарот Мицкоски најави за вторник, 25 јуни, промоција на инвестиција од 400 милиони евра.

„Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра“, рече Мицкоски.

Фото: Собрание на РСМ

Од СДСМ пак, велат дека кога ги читаат предлозите на имињата можат да кажат – добредојде Груевски.

„Штом се тука Владо Мисајловски, Златко Перински, Љупчо Димовски, Александар Николовски, Зоран Љутков, тогаш тука е и Груевски. Читаме овде имиња кои се поврзани со криминал, со криминал и рацете им биле во медот. Што значи најмалку имаат легитимност да бидат министри“, велат од СДСМ.

Таму велат дека во овој состав има министри кои едвај чекаат да им заврши мандатот како градоначалник.

„Таков е Тимчо Муцункски. Не знаеме со што заслужува да биде избран за министер. Ќе биде запаметен како градоначалник којшто нема реализирано ниту еден проект во општина Аеродром“, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николовска денеска во македонското Собрание и додаде:

„Согласно она што ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше во целиот период и како опозиција и во предизборието очекувавме денеска да видиме како Македонија ќе стане повторно горда и никогаш Северна ќе стане реалност. Дека ќе слушнеме како ќе ја смените Преговарачката рамка, како ќе го укинете или смените Преспанскиот Договор, но ништо од тоа“.

Фото: Собрание на РСМ

„Повеќе министерства а помалку жени, кадри на Груевски, многу зборови а малку кажано, сите лаги на виделина, ваква е оценката за Програмата и составот на новата Влада. Малку е лицемерно да зборувате за стратешките интереси на земјата а кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин“, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

„Да почнеме со разобличување на лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа само за да дојдат на власт. Составот на Владата го отсликува минималниот број на жени во владата и тоа само ја потврдува мизогеноста втемелена во владејачката партија. Веројатно за вас жените се само за по дома. Програмата е контрадикторна со составот“, рече Петровска.

Следна лага е односот кон уставното име и Преспанскиот договор, додаде таа.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница рече дека оваа Влада ќе биде Влада на реформи и дела.

„Програмата на владата 2024-2028 е реална и остварливаа. Ќе придонесеме да направиме нешто плус за благосостојбата на својот народ и среќата за своето семејство, комшии и согаѓани”, рече Сајкоски.

Фото: Собрание на РСМ

Тој потенцираше дека потребите на граѓаните биле преточени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Потребите и барањата на граѓаните беа преточени во предизборна платформа која ја понудивме пред граѓаните и ни се даде добербата оваа платформа ги опфаќа сите барања на граѓаните и се она што треба да го сработиме. Програмата е обемна и за нес ќе разговараме за сите проекти кои се во неа”, дециден е Сајкоски.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев рече дека ја прочитал програмата и биографиите на министрите и дека тоа биле најзалудно потрошени четири часа.

„Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштах е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите најголеми влади. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 – влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена“, истакна претседателот на Левица, Димитар АПАСИЕВ, на денешната Седница за избор на новата Влада.

Вториот хаштаг, рече Мицкоски, е „шверцеви властитог живота“.

„Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, да пишете „тато ме направи асистент, Груевски – претседател на партија”. Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници“, рече Апасиев.

Владиниот кабинет треба да брои вкупно 24 члена.

Според Деловникот на Собранието, по програмата на мандаторот и предлогот за состав на Владата, Собранието води единствен претрес. Претресот трае најмногу два дена.

Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24:00 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...