fbpx

СДСМ ќе бира нов претседател во јуни, раководството на партијата во оставка

По оставката на претседателот, денеска оставки си поднеле сите членови на Извршниот одбор и раководството на партијата. Тие ги повикаа и членовите на Централниот одбор да поднесат оставки

-

Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, партијата која по седумгодишно владеење го доживеа најголемиот изборен пораз на двојните претседателски и парламентарни избори, соопшти оти во јуни ќе спроведе директни внатрепартиски избори за нов претседател. По оставката на претседателот, денеска оставки си поднеле сите членови на Извршниот одбор и раководството на партијата. Тие ги повикаа и членовите на Централниот одбор да поднесат оставки.

На денешната седница на Извршниот одбор (ИО) била потврдена оставката од фукнцијата претседател на партијата на Димитар Ковачевски. Како што се вели во соопштението од СДСМ, Ковачевски иницирал „отчетен Конгрес“.

Потоа се додава оти ИО заклучил дека, согласно Статутот на партијата, почнуваат да течат роковите за организирање на внатре-партиски избори за нов претседател а формирани се и Работни групи за регистрација на членството за гласање.

Седница на ИО на СДСМ, 23.05.2024 г. | Фото: СДСМ

„Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка“, се вели во партиското соопштение.

Покрај претседателот Ковачевски, оставки поднеле „членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите“.

Во соопштението се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот согласно поднесените оставки како морален чин на одговорност.

„Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, соопшти СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Спортските терени на основните училишта во Тетово во очајна состојба

Фудбалските голови немаат мрежа, нема кошеви за кошарка, ниту мрежи за одбојка, нема спортски игралишта, асфалтот е насекаде испукан, а тревата е неискосена. Накратко речено ваква е состојбата на...