понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: оставки | 68 резултати

СДСМ ќе бира нов претседател во јуни, раководството на партијата во оставка

мај 23, 2024

Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, партијата која по седумгодишно владеење го доживеа најголемиот изборен пораз на двојните претседателски и парламентарни избори, соопшти оти во јуни ќе спроведе директни внатрепартиски избори за нов претседател. По оставката на претседателот, денеска оставки си поднеле сите членови на Извршниот одбор и раководството на партијата. Тие ги повикаа и членовите на […]

Изјавата на Аврамовска Мадиќ за интегритет и за напредокот на Судскиот совет е недоследна

ноември 10, 2023

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Протест во Скопје: роднините на загинатите од тетовската модуларна болница бараат правда

септември 15, 2023

Граѓани и членови на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово што се случи пред две години денеска протестираа во Скопје. Со транспаренти во рацете, денеска побараа правда за случајот, во кој животот го загубија 14 лица на 8 септември 2021 година. Роднините бараат да се разрешат петмина обвинители, но и бараат […]

Министрите од ДУИ ги потпишаа условените оставки

август 1, 2023

Министрите од ДУИ Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири ги доставиле оставките до премиерот Димитар Ковачевски, соопштија тие преку социјалните мрежи.  „Како носител на важна јавна функција, свесен за благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина која несомнено има свое место во големото европско семејство, имајќи го предвид името на политичкиот субјект […]

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе стапат во сила кога опозицијата ќе гласа за уставни измени

јули 30, 2023

Сите министри и владини функционери од редовите на владејачката ДУИ, денеска соопштија дека поднесуваат оставки од своите функции, но дека се условени со гласање на измените на Уставот од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ. Тогаш кога опозициската партија ќе гласа за измените, оставките се активираат како што беше и условот поставен од најголемата опозициска партија. Лидерот на […]

Тројца пријавени за две испразнети места во Судскиот совет, ќе се гласа на 13 јули

јули 5, 2023

Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите. Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки Формирана е и комисија која треба да го спроведе изборот на 13 јули. Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд […]

Судскиот совет ги прифати оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

јуни 8, 2023

Судскиот совет на денешната итна седница го констатираше престанокот на мандатите на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски, по нивното давање оставки. Оставките завчера беа депонирани во архивата на Судскиот совет, а на денешната 444. седница, тие беа констатирани. Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на Советот имала определени моменти […]

Блупринт група: Оставки треба да поднесат сите членови на Судскиот совет

јуни 7, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на двајцата члена на Судскиот совет кои поднесоа оставки од нивната функција е во добра насока и се надеваат дека и другите членови ќе го следат овој чекор. Инаку, вчера, по повеќе тензични случувања во институцијата надлежна за именување и разрешување судии, неотповикливи оставки од членови […]

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

јуни 6, 2023

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимоски, судија од скопскиот Апелациски суд, поднеле неотповикливи оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за оставките сè уште не се познати, а Герасимоски во изјава за Мкд.мк рече дека ќе почека оставката да биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажел причините за одлуката […]

Покрај со Русија на военото поле, Зеленски на домашен терен започна борба и против корупцијата

јануари 27, 2023

Покрај воената агресија од Русија со која мора да се справува, украинската власт на домашен терен започна и борба против корупцијата меѓу високите функционери, а неопходно е и прочистување на редовите на Службата за безбедност од поединци поврзани со руските тајни служби, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека изминативе денови 11 високи функционери си дадоа […]

Додека трае војната, нови оставки и смени на функционери од украинското раководство

јануари 24, 2023

Украинскиот заменик министер за одбрана, Вјачеслав Шаповалов си поднесе оставка на функцијата, по медиумските обвинувања за корупција, иако и тој и украинското Министерство за одбрана тврдат дека се неосновани, пренесува Гардијан. Шаповалов беше одговорен за снабдување на украинските војници со храна и воена опрема, а од Министерството за одбрана велат дека неговата оставка сепак е […]

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

јуни 9, 2022

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg […]

Руските режимски телевизии се погодени од бран оставки, и примабалерината Смирнова го напушти Бољшој и Русија

март 17, 2022

Кога Марина Овсијаникова упадна во студиото на вечерните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, руските власти ја испрашуваа 14 часа и ја казнија со 30.000 рубљи  280 долари, пренесе Би-Би-Си. Протестот на Овсијаникова, која има татко Украинец и мајка Русинка, го истакна тивкиот, но постојан прилив на оставки од […]

Продолжува бранот оставки во Бугарија по парламентарните избори

ноември 16, 2021

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка на функцијата поради катастрофалните резултати на парламентарните избори во неделата, јави „Медиапул“. Оставката на Нинова дојде еден ден по оставките на други лидери на бугарски политички партии што поминаа лошо на изборите. Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, поднесе оставка вчера, заедно со неговите заменици – европратеникот […]

Министерот Хоџа и двајца заменици-министри поднесоа оставка, БЕСА веќе не е дел од владата

ноември 12, 2021

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со двајца заменици-министри, денеска објавија дека поднесуваат оставки од нивните функции во актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев. Тој рече дека доставената оставка е од морален чин, поради нарушување на демократските вредности во државата. Хоџа додаде дека ја реализира изјавата за давање оставка, поради тоа […]

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани за пожарот во Тетово

октомври 5, 2021

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека не ги прифаќа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе. „По повод понудените оставки од страна на министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство Илир Хасани, внимателно ги прочитав наодите […]

Заев: Прво извештај за истрагата од пожарот во тетовската модуларна болница, потоа став за оставките

септември 20, 2021

Премиерот Зоран Заев денеска рече оти германските експерти треба да го дадат својот извештај околу истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница за 10 до 15 дена, додека истражните органи од земјава треба да го направат тоа неделава. Премиерот инсистира дека за понудените четири оставки ќе донесе одлука откога ќе бидат објавени извештаите од истражните […]

Заев: На одлуката за оставките на Филипче и Хасани влијание ќе има форензичкиот извештај

септември 13, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, заедно со двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, продолжуваат да ги извршуваат своите работни обврски на нивните функции, и покрај тоа што тие си дадоа оставки во петокот. За ова информираше премиерот Зоран Заев, кој денеска изјави дека на одлуките за прифаќање на оставките […]

Протестите го принудија Борисов да смени четворица министри во бугарската влада

јули 23, 2020

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со коалициските партнери објави дека се прифатени барањата за оставка на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова, со цел да се смири состојбата со протестите во државата. Како што пренесува агенцијата БТА, смените во владата доаѓаат […]

Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

јуни 11, 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија. На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето […]

Страна 1 од 4