fbpx

Руски авион го нарушил шведскиот воздушен простор

Шведските вооружени сили соопштија дека рускиот воен авион, Су-24, бил контактиран со предупредување, но не одговорил, по што шведските ловци „Грипен“ биле испратени да го пресретнат

-

Руски авион вчера го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд и бил пречекан од два шведски борбени авиони. Ова го изјави портпаролот на вооружените сили на Шведска, а пренесе Гардијан.

Готланд се наоѓа на помалку од 350 километри од руската област Калининград.

Шведските вооружени сили соопштија дека рускиот воен авион, Су-24, бил контактиран со предупредување, но не одговорил, по што шведските ловци „Грипен“ биле испратени да го пресретнат.

„Руските акции се неприфатливи и покажуваат недостаток на почит кон нашиот територијален интегритет. Го следевме целиот синџир на настани и бевме на место да интервенираме“, рече началникот на шведските воздухопловни сили, Јонас Викман.

Во март, Шведска стана 32-та земја-членка на НАТО, што претставуваше значаен момент за историски неутралната држава.

Членовите на воената алијанса се согласуваат дека ако една од нив биде нападната, другите земји треба да ѝ помогнат да се одбрани, потсетува Гардијан.

Минатата недела, Министерството за одбрана на Финска соопшти дека е покрената истрага по сомнежите дека руски воен авион го нарушил финскиот воздушен простор, летајќи околу 2,5 километри во внатрешноста на границите на оваа нордиска земја.

Нарушувањето во источниот Фински залив траело околу 2 минути, а министерот за одбрана на земјата, Анти Хаканен, предупреди дека Финска, која се приклучи на НАТО во април 2023 година, сериозно го сфаќа територијалното нарушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...