fbpx

Ковачевски даде оставка од претседател на СДСМ и побара внатрепартиски избори

Тој повикал оставка да поднесе целокупното раководство на партијата по вертикала од членовите на раководството, преку централните партиски органи, сè до општинските органи на раководење на партијата

-

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски се повлекол од функцијата Претседател на СДСМ, извести партијата.

„Согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати“, се вели во партиското соопштение.

На денешната седица на ИО на СДСМ, Ковачевски рекол дека „на парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, со што му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и од доскорешни членови на партијата организирани во друг политички субјект“.

„И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност. Овој резултат и креираното јавно мислење беше очигледно уште на локалните избори во 2021 година кога СДСМ доживеа пораз, по што партијата не направи анализа на изборните резултати како што налага Статутот и не ги лоцираше причините за поразот за да се извлечат соодветни поуки“, рекол Ковачевски.

СДСМ, рекол Ковачевски, ќе треба добро да погледне навнатре и да размисли кои се резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години и што е тоа што треба да се направи за да се обнови и врати довербата на граѓаните.

Експретседателот на СДСМ бара да се свика Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати.

Тој повикал оставка да поднесе целокупното раководство на партијата по вертикала од членовите на раководството, преку централните партиски органи, сè до општинските органи на раководење на партијата.

„Ваквиот чин е редовна постапка во сите европски и светски демократии, каква претендираме да бидеме и ние и треба да биде пракса на сите раководства на партијата по изборен неуспех“, рекол Ковачевски.

Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ, според Ковачевски, мора да биде обновување на идеолошката и вредносна матрица која ќе ги собере сите прогресивни сили на левиот центар во државата.

„Вториот чекор, треба да биде длабока кадровска промена и создавање на силен кадровски потенцијал, со вистински и докажани социјалдемократи, со вредности и знаење, со чесност и енергија, со мотив и со искреност кон партијата. И трето, да се реформира организациската поставеност на партијата која ќе овозможи целосно консолидирање на СДСМ и враќање на победничките патеки“, изјавил тој во обраќањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова го честиташе Курбан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите...