fbpx

Не е точно дека Швајцарија ја забранила мамографијата

Препораките за скрининг на рак на дојка варираат од земја во земја, но тврдењето дека Швајцарија ја забранила мамографијата, а други држави вклучително Канада ја суспендирале процедурата, се невистинити

-

Препораките за скрининг на рак на дојка варираат од земја во земја, но тврдењето дека Швајцарија ја забранила мамографијата, а други држави вклучително Канада ја суспендирале процедурата, се невистинити, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ШВАЈЦАРИЈА Е ПРВАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ КОЈА ЗАБРАНИ МАМОГРАФИЈА
Туристичките услуги беа суспендирани и во делови од Канада, Италија, Шкотска и Австралија.
 50-60% од „позитивните“ резултати се лажни.
За време на прегледот, дојката се компресира со тежина од 10 kRa (1019 kg/m²), а потоа здравото, многу чувствително ткиво на дојката се бомбардира со радиоактивно зрачење.
Го промовира растот на туморот и ширењето на метастазите.
 Истражувањето направено на 690.000 записи покажува висок број на рак на дојка кај совршено здрави жени по мамографија. 
Така, со дијагноза „рак на дојка“ во 50-60% од случаите докажува дека воопшто го немало.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Франс прес, препораките за скрининг на рак на дојка варираат од земја во земја, но тврдењето дека Швајцарија ја забранила мамографијата, а други држави вклучително Канада ја суспендирале процедурата се невистинити. Повеќе јурисдикции за Франс прес потврдиле дека нивните програми за мамографија течат, а експерти за карцином велат дека скринингот е најдобар начин да се детектираат раните фази на ракот на дојка.
Истражувањата покажуваат дека во последно време има раст на ракот на дојка кај помлади луѓе. Европската комисија во 2022 препорача дека најраната возраст за скрининг програми треба да е 45 години, за да се детектираат рани стадиуми, додека во Канада има кампања да се стандардизира таа возраст на 40 години.

Докторите и здравствените професионалци уште дебатираат која е најдобрата возраст за скрининг за карцином, но нема вистина во тврдењата дека мамографијата е забранета во Швајцарија.

И Федералната канцеларија за јавно здравје и непрофитната организација Швајцарска лига за карцином, за Франс Прес потврдија дека во земјата продолжува да се спроведува процедурата.

Овие гласини се целосно невистинити. Во Швајцарија мамографијата е моментално главниот метод за детекција на рани фази на карцином на дојка, велат од Швајцарската лига за карцином за Франс Прес.

Суспензии нема ни во другите држави споменати во објавата што ја рецензираме. Канада и другите споменати земји во објавата препорачуваат мамографија.

Мамографијата е единствената техника докажано безбедна и ефективна за скрининг на карцином на дојка и мамографската опрема е само техника за снимање, лиценцирана за скрининг на карцином на дојка, пишуваат на својот сајт Хелт Канада.

Секоја територија има свои насоки за скрининг на рак. Здравствените власти на островот Принц Едвард и Британска Колумбија, за Франс прес потврдиле дека мамограмите уште се достапни таму. На сајтот на Canadian Cancer Society  може да се видат сите програми за мамографија во другите места. 

Во АвстралијаШкотска и Италија на владините сајтови има информации дека трите земји имаат скрининг програми за карцином на дојка со мамографија.

Во објавата што ја рецензираме се тврди дека 50 до 60 проценти од позитивните резултати биле неточни. Студија од март 2022 година од Универзитетот во Калифорнија Дејвис, цитира слични бројки кога ги анализира позитивните скрининзи кои воделе до повеќе дијагностичка работа, но не и дијагноза на карцином на дојка.

Ана Викинсон, онколог во Отава хоспитал центарот за карцином, вели:

Мамограмот бил направен, но од мамограмот нема доволно информации и жената е замолена повторно да се врати за повторно снимање. Не им се кажува на овие жени дека имаат карцином. Тие пациенти може да го повторат мамограмот или да направат ултразвук пред да продолжат на биопсија препорачана за да се постави дијагноза за карцином.

Според  British Columbia Cancer, околу 9 проценти од луѓето ќе треба да направат дополнителни дијагностички тестирања по нивната мамографија. Околу 95 проценти од вратените пациенти не добиваат дијагноза за карцином.

Во објавата што ја рецензираме се предупредува дека дојката била компресирана и дека ткивото било бомбардирано со радиоактивно зрачење.

Професорката по радиологија на Универзитетот Британска Колумбија Паула Гордон, за Франс прес вели дека иако се случува притисок за време на мамографијата кој може да биде непријатен, сепак тој притисок е брз.

За време на мамографија компресијата е неопходна за да се експандира ткивото и да се детектираат карциномите, но и за да се постави градата на начин да и треба помалку радијација, вели таа.

Студија од Шведска од 2013 година која се занимавала со тоа дали компресијата би можела да влијае на туморските клетки, не најде такви докази и затоа се заклучува дека мамограмите не се опасни.

Од Хелт Канада за Франс прес велат дека телото може да ги репарира клетките кои можеби биле оштетени од радијација за време на мамограм.

Корисноста од рана дијагноза и третман за карцином на дојка далеку ги надминува ризиците од малата количина на радијација која се добива за време на мамограмот, велат оттаму.

Вилкинсон од Болницата Отава, исто така ги отфрла тврдењата дека мамографијата води кон преголемо дијагностицирање на случаи каде на пациентите им се кажува да се борат со карцином кој не би им нанел штета ако би бил оставен нетретиран.

Многу ретко има карциноми кои не растат или не прават ништо и исчезнуваат, вели таа, додавајќи дека кога болеста е откриена рано, пациентите имаат повисоки стапки на преживување, отколку во подоцнежните стадиуми на карциномот на дојка, а и третманот што го поминуваат е помалку интензивен.

Таа додава дека дезинформациите за мамографијата водат до студија од 1980 изработена од Canadian National Breast Screening Study.

Во студијата се заклучува дека мамограмите генерално не ја намалуваат стапката на смртност и дека пациентите се премногу дијагностицирани. Но, методологијата оттогаш наваму се става под знак прашање, бидејќи учесниците кои веќе се сомневале дека можеби имаат карцином на дојка биле ставени во контролната група на студијата.

Други студии кои ја испитувале прекумерната дијагноза, особено кај пациенти над 70 години, ги советуваат докторите да ги земат предвид личните ризик фактори кога препорачуваат дополнителен скрининг. Од франускиот национален институт за карцином велат дека научниците продолжуваат да работат на идентификација на споропрогресирачките карциноми за да понудат соодветен третман.

До слични сознанија дојдоа и проверувачите на факти на Веридика.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...