Коалицијата ВЛЕН им зеде еден пратеник на ДУИ [инфографик]

Од сумираните резултати со гласањето од 8 мај, може да се согледа дека ДУИ изгуби еден пратеник, а на сметка на тоа коалицијата ВЛЕН предводена од Арбен Таравари доби плус едно пратеничко место, додека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата „Твоја Македонија“ останува иста

-

Првичните неофицијални резултати од денешното прегласување на парламентарните избори на седум изборни места покажуваат дека ДУИ изгуби еден пратенички мандат, а коалицијата ВЛЕН (Вреди), доби еден пратеник плус во Собранието.

Прегласување имаше на шест изборни места во петтата изборна единица и на едно избирачко место во шестата изборна единица. Се прегласуваше на избирачките места во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и во Струга, а право на глас на овие избирачки места имаа вкупно 4.521 гласачи. Излезноста на денешното прегласување до 18.30 часот беше 50,10 проценти или гласале околу 2.000 гласачи.

Според резултатите што ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, само за петтата и за шестата изборна единица, коалицијата „Твоја Македонија“ има освоено 13 мандати, Европски фронт 12 мандати, „Коалицијата за европска иднина“ 4 мандати, Левица 1 мандат, ВЛЕН 9 мандати и коалицијата ЗНАМ – 1 мандат.

Даштевски соопшти дека течат роковите за жалба.

Од сумираните резултати со гласањето од 8 мај, може да се согледа дека ДУИ изгуби еден пратеник, а на сметка на тоа коалицијата ВЛЕН предводена од Арбен Таравари доби плус едно пратеничко место, додека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата „Твоја Македонија“ останува иста.

Доколку со жалбите се потврдат овие изборни резултати, тогаш распределбата на мандатите во Собранието на новиот пратенички состав би изгледала вака:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВЛЕН формираа работни групи за продолжување на разговорите за евентуално коалицирање во идната влада, откако претходно ги договорија општите начела за соработка.

Претставниците на ВЛЕН вечерва одржаа прес-конференција пред избирачкото место во селото Ларце на која соопштија дека освоија уште еден мандат и тоа го прославија со торта. Башким Асани од коалицијата ВЛЕН им се заблагодари на граѓаните за масовниот одзив и кажа дека и на денешното гласање имало притисоци од полициски службеници и нудење поткуп кои се нотирани и кои ќе ги пријават кај надлежните органи во наредните денови.

„И кога се гласа без притисоци и кражби, без манипулации, резултатот е денес кој го имаме. Ние го добиваме и 14-тиот пратеник. Сакам да им се заблагодарам на сите кои излегоа да гласаат. И покрај сите притисоци на началници на полиции и инспектори, се нудеа пари за гласови, ние овие случаи утре ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на одговорност, изјави Башким Асани од Коалицијата ВЛЕН.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...