Играта „Драгон Ејџ: Инквизиција“ е бесплатна на Епик гејмс до утре

Играта има одлични механики на борба. Можете да го сопирате времето и да го планирате секој следен потег на секој од вашите ликови

Легендарниот RPG серијал „Драгон ЕЈџ“ (Dragon Age) доста добро познат на гејмерите, кулминираше со играта „„Драгон Ејџ: Инквизиција“, која сега може да се преземе бесплатно од Epic Games, до утре. Овие игри се едни од најпознатите по својата експлицитност и ги имаат речиси сите можни предупредувања дека се наменети за возрасни.

Повелете и погледнете го трејлерот за играта на бесплатна промоција:

Играта има одлични механики на борба. Можете да го сопирате времето и да го планирате секој следен потег на секој од вашите ликови. Играте со еден главен лик кој го правите сами и со „кустумизација”, а можете да правите избори и преку дијалози во играта, со приказни што зависат од секоја ваша одлука и повеќе различни алтернативни краеви на играта. 

Има опција од вашата дружина да играте со секој лик поединечно, ако ви се допадне некој херој или хероина. Дружината е составена од различни ликови со различни потекла и категоризации, што се надополнуваат во „борбата против злото”. Ова, во RPG игрите и во книги и филмови од „епската фантастика“ е токму концептот за соживот, премостување култури и разбирање на другиот (различниот). Играта промовира и родова еднаквост. 

Покрај својата експлицитност на крвави борби, дури во и првиот дел од „Драгон Ејџ“ наречен „Origins“, борбите се агресивни, но и доста добро направени. Мора да се земе во предвид дека сето ова е имагинарно и не треба да се „демонизираат” луѓе. 

Вториот дел од играта е одличен. Но, третиот, делот на промоција е најдобар. Тоа што навистина сјае во „Драгон Ејџ“ се видео дијалозите и одличните приказни, кои ќе ве оставиме сами да ги откриете.    

Играта во редовна продажба чини 40 евра. Ова е дефинитивно една од најдобрите игри што било кога биле понудени бесплатно на Epic Games. И тоа во Game of the Year издание што ги содржи сите можни додатоци излезени за самата игра вклучувајќи пачови и DLC содржини.