fbpx

Не е точно дека медиумите молчат за руската воена вежба на Карибите

Дел од македонските медиуми повикувајќи се на Ал Џезира известија дека оваа посета на руската морнарица е во согласност со историските пријателски односи меѓу Куба и Руската Федерација и дека бродовите не носат нуклеарно оружје

-

И светските и македонските медиуми екстензивно известуваа за оваа воена вежба повикувајќи се на изворите што им беа достапни. Дел од македонските медиуми повикувајќи се на Ал Џезира известија дека оваа посета на руската морнарица е во согласност со историските пријателски односи меѓу Куба и Руската Федерација и дека бродовите не носат нуклеарно оружје, пишува Вистиномер. 

Текстот го објавуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и во описот на фотографијата пишува:

Руски воени бродови во Хавана – Куба. Руска воена вежба на карибите… Молк на медиумите.

Фотографијата и објавата се споделени на 10 јуни кога во бројни медиуми и во земјава и во странство, беше најавувана руска воена вежба на Карибите. Повеќе медиуми објавија вести за руските поморски воени вежби кои се очекува да се случат во Карипското море наскоро.

Она за кое што светските медиуми известија (на 6 јуни 2024) беше дека руски воени бродови се упатени кон Куба и дека се очекува да пристигнат таму наредниот период.

Според Асошиејтед pрес министерството за надворешни работи на Куба во соопштение известило дека бродовите ќе бидат во Хавана меѓу 12 јуни и 17 јуни.

Вистиномер ја користеше алатката за обратно пребарување на фотографии и ја пронајде фотографијата на Би-Би-Си на 28 јули 2019 година и таа очигледно е искористена во оваа објава како илустрација.

Насловот на текстот на Би-Би-Си, го открива и поводот односно настанот кој е отсликан на фотографијата и кој гласи:

Парадата на денот на морнарицата во Русија, низ фотографии. 

И покрај тоа што во објавата се наведува дека за руската воена вежба на Карибите имало „молк од медиумите“, извештаите и во светските и во македонските медиуми го демантираат ова.

И светските и македонските медиуми екстензивно известуваа за воената вежба повикувајќи се на изворите што им беа достапни. Дел од македонските медиуми повикувајќи се на Ал Џезира известија дека оваа посета на руската морнарица е во согласност со историските пријателски односи меѓу Куба и Руската Федерација, дека бродовите не носат нуклеарно оружје.

На следниот линк може да се видат над 10 вести за оваа вежба објавени на македонски јазик.

Во македонските медиуми се споделува соопштението од Министерството за надворешни работи на Куба, но и се наведува дека американски официјален претставник за медиумите изјавил дека Русија планира да испрати борбени бродови во регионот на Карибите како дел од воена вежба.

Тој додаде дека Вашингтон не ја смета оваа ситуација за заканувачка, но дека американската морнарица сепак ќе ги следи вежбите. Министерството за надворешни работи на Куба наведува дека во Хавана пристигнуваат подморницата Казан, фрегатата Горшков, танкерот за нафта Пашин и шлеперот Николај Чикер, пишуваат македонските медиуми.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти медиумите молчеле за идната руска воена вежба на Карибите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...