fbpx

Тренчевска: Од денес во СДСМ нека настапат oние неизвалканите од претходните функционери

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува, напиша Тренчевска

-

Денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи, напиша денеска на својот профил на Фејсбук, Јованка Тренчевска, поранешната министерка за труд и социјална политика. Ова следува по вчерашниот пораз на СДСМ на парламентарните и на претседателските избори.

„Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро“, напиша таа.

Тренчевска додава дека моќта е во народот и дека трака треба да биде.

„Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани. Ги донесовме највисоките плати и пензии, се грижевме за најмладите и за лицата со попреченост. Чекори кои не сакам да избледат низ времето. Продолжувам цврсто напред, нема да дозволам уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник“, напиша таа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади македонски тимови освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада

Млади ентузијасти за роботика се натпреваруваа на Глобалната спортска роботска олимпијада, каде два тима од скопската организација СТЕМ Академија достигнаа неверојатен успех. Во конкуренција со 1450 тимови од 36...