петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пасоши | 74 резултати

Бојмацалиев на полноќ пречекуваше обрасци за пасоши на ГП Богородица

февруари 23, 2024

Со галерија од фотографии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на полноќ на социјалните мрежи се пофали дека ги пречекал новите 140.000 обрасци за пасоши. Од фотографиите може да се види како Бојмацалиев го пречекува камионот со обрасците за пасоши на граничниот премин Богородица и се поздравува со вработените, демонстрирајќи го концептот, како […]

Ова не е вонредна ситуација од месец-два, Османи со невистина

февруари 21, 2024

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку […]

Бојмацлиев: До крајот на месецот ќе има нова пратка обрасци за лични документи

февруари 20, 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски се сретна со раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово, изјави дека се стигнати 20.000 обрасци, а до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка. Нова пратка обрасци за лични документи на граѓаните се очекува […]

Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во Берн

февруари 18, 2024

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија. Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање […]

Не е вистина дека патните исправи на Република Северна Македонија нема да важат ако го содржат новото име

февруари 18, 2024

Преспанскиот договор уредува кодот за нашата земја на регистарските таблички на возилата да биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). Затоа, патните исправи кои содржат Северна Македонија и код МКД се валидни и нема […]

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

февруари 15, 2024

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска. Сепак, […]

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

февруари 15, 2024

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа што „патот треба да го изодиме заеднички“, туку поради претстојните избори, […]

Државна делегација во посета на амбасадата во Брисел каде што се врши фотографирање за пасоши

февруари 14, 2024

Ќе има организирање на конзуларни денови и други видови олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со премиерот Талат Џафери и вицепремиерот Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, ја посетиле македонската амбасада каде […]

Здруженија: Државата не смеела да издава документи со старото име, граѓаните да консултираат адвокати

февруари 14, 2024

Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот (12.02.2019), државата не смеела да издава документи со поранешното име, тврди Здружението на млади правници. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, пак, велат дека повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето на нови патни исправи, што не може да се стави на одговорност […]

МВР: Ако не ве пуштат на граница да излезете со стар пасош, може да побарате писмено известување

февруари 13, 2024

Министерството за внатрешни работи ги информира оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез. Во соопштението на […]

СДСМ предлага законски измени за продолжување на важноста на возачките документи

февруари 12, 2024

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопштија денеска од партијата. Во меѓувреме, и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Канал 5 вчера најави измени на Законот за изменување и дополнување […]

Ако сте се сликале за документи кон крајот на декември, не се мачете да чекате ред да ги земете

февруари 9, 2024

„Ако сте се сликале за лични документи после 27 декември, воопшто не се трудете да чекате и да зафаќате место, подобро да си одите, не се пристигнати кај нас“. Вака денеска им се обратија вработените во пунктот на МВР на редиците од луѓе кои чекаа да си ги подигнат личните документи. Но, „патот“ што треба […]

Од утре пунктот за лични документи во полициската станица Пролет нема да работи без закажување

февруари 6, 2024

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку ќе се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, информира МВР. „Трансформацијата се прави со цел да се воведе […]

Ташковски ќе ги наградува вработените кои издаваат лични документи

февруари 2, 2024

Панче Ташковски, дополнителниот министер за внатрешни работи го посетил Одделението за управни работи – Скопје каде се запознал со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи. Тој преку Фејсбук статус информираше дека 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во овој процес. „Во таа насока во […]

Османи: Да не даваме лажна надеж на граѓаните, до 12 февруари издадете што повеќе пасоши

јануари 17, 2024

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги повика институциите да се организираат и до 12 февруари да се издадат колку што може повеќе пасоши, а решение за оние што ќе останат со несменети пасоши ќе се бара на 13 февруари. „Средба или дополнителна комуникација со грчките власти ќе нема, иако официјална Атина има разбирање за […]

Шалтерите за подигнување лични документи во МРТВ и Беко работат и денеска

јануари 13, 2024

Министерството за внатрешни работи соопшти оти шалтерите за издавање на готови пасоши и лични карти во МРТВ и Беко ќе работат и денеска, во сабота. Ова најава доаѓа откако се ширеа застрашувачки видеа и слики од долгите редици кои се формирале при подигнувањето на нови лични документи. Медиумите известија оти некои граѓани чекале и по […]

Ковачевски: Треба да им се каже фала на вработените кои ги изработуваат личните документи

јануари 12, 2024

„Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, во однос на хаосот околу издавањето на личните документи на граѓаните. Христијан Мицкоски вчера […]

Македонскиот пасош на 36. место на листата најмоќни пасоши

декември 26, 2023

Македонскиот пасош се најде на 36. место на листата најмоќни пасоши објавени од страна на платформата „Паспорт индекс“. Веднаш зад македонскиот пасош се црногорскиот и турскиот. Од државите во регионот, бугарскиот пасош е на 9. место, српскиот на 32, додека хрватскиот е на осмо место. Првото место го зазема пасошот на Обединетите Арапски Емирати, второто […]

МНР воведува Е-КОНЗУЛАТ – полесен пристап до конзуларните услуги во странство

ноември 20, 2022

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ, дигитализирана платформа на конзуларните услуги, со кој значајно се поедноставува процесот на добивање на одреден документ и се зголемува ефикасноста на дипломатско-конзуларните претставништва со странство. „Проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во […]

За еден месец, над 200 лица се сликале за нов пасош во амбасадата во Берлин

ноември 10, 2021

За помалку од еден месец од воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, главниот град на Германија, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди амбасадорот Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната […]

Страна 1 од 4