fbpx

Видео од мечка во продавница, снимено во Калифорнија, претставено како да е од Русија

Видеоснимката со која во објавата се илустрира Русија, односно видеото со мечката која се послужува од продавница, всушност е од Калифорнија САД

-

Сите видеоматеријали споделени во објавата се од Америка, и тој каде мечката влегува во продавницата и двете видеа каде незадоволни корисници уништуваат продавници или расфрлаат храна и пијалаци, пишува Вистиномер во текстот кој во продолжение го пренесуваме во целост.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Дивата Русија и цивилизираниот Запад.

Во склоп на објавата има два видеоматеријала. На првиот се гледа една необична и несекојдневна ситуација каде мечка влегува во продавница, зема слатки со устата од полицата, ја отвора вратата и заминува. На втората снимка е претставена компилација од некои незадоволни потрошувачи кои доаѓаат во ресторани и ја расфрлаат храната насекаде.

Меѓутоа, видеоснимката со која во објавата се илустрира Русија, односно видеото со мечката која се послужува од продавница, всушност е од Калифорнија САД.

Британски Мирор и повеќе други медиуми во 2022 година известија за невообичаениот настан кога мечка во неколку наврати се враќа во продавница по храна, по што шегите и коментарите на самиот касиер беа дека мечката ,,како да имала манири”. Објавата на Мирор е од 14 септември 2022 година, а настанот од два дена претходно. Во текстот на Мирор објавени се фрагменти од повеќе видеа од истиот настан, со оглед на тоа што мечката повеќепати влегувала и излегувала што на крајот резултирало со тоа касиерот да мора да ја барикадира вратата. Касиерот е 54 годишниот (во тоа време) Кристофер Кинсон, а продавницата каде ова се случило е „Севен Елевен“ во Олимпик Вали, Калифорнија.

Исто така, во моментот кога мечката излегува од продавницата, на вратата лево од она која таа ја користи за излез јасно се гледа понуда на некој производ или услуга чија цена е напишана во САД долари, односно пишува „$2.50“.

И видеото кое е од десната страна во објавата што ја рецензираме потекнува од САД, односно од Далас Тексас, но пренесено беше и од страна на корејските медиуми.

Жената влегува во продавница за алкохол и незадоволна од условите во продавницата, почнува да уништува инвентар и да крши околу себе, по што избегала пред да дојде полицијата. Полицијата на Далас Тексас во 2021 година кога се случил инцидентот изјавила дека трага по неа.

Исто така и другото видео од втората компилација на кое се гледа како човек истура храна е од САД и тоа лесно може да се констатира поради знакот над касата каде пишува на англиски јазик „Please have your ID ready“ (ве молиме приложете лична карта).

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Сите видеоматеријали споделени во објавата се од Америка, и тој каде мечката влегува во продавницата и тие две видеа каде незадоволни корисници уништуваат продавници или расфрлаат храна и пијалаци.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...