fbpx

Тошковски го презеде министерското место во МВР

На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството

-

Досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на ресорот, Панче Тошковски, кој беше назначен од страна на ВМРО-ДПМНЕ како дел од техничката влада.

На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството, соопшти МВР.

„Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси“, објави на неговиот фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Мојот мандат во МВР беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност кон безбедноста на граѓаните. МВР го засили својот капацитет за борба против криминалот, корупцијата и незаконитоста. Воведовме нови стандарди и опрема во полициското работење, што значително ја подобри ефикасноста и транспарентноста на оваа институција. Овие напори резултираа со повисок степен на безбедност и доверба од страна на јавноста“, наведува Спасовски.

Дополнителен заменик министер во МВР е Митко Бојмацлиев, досегашен шеф на кабинет на Спасовски, кој ги истакна напорите на тимот за заштита на личните податоци на граѓаните и зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите.

„Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор. Во оваа прилика, дозволете да бидам категоричен – очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР. Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена“, изјави Бојмацлиев.

Техничката влада во Собранието беше изгласана вчера. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат свои министри, не гласаа за изборот на техничката влада. Двајцата пратеници од Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев гласаа „против“, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...