fbpx

Ковачевски му ја предаде премиерската позиција на Џафери

Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност, рече Џафери

-

Досегашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.

Претседателот на Владата Џафери денеска беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет-а-тет средба и изјави за медиумите.

На средбата досегашниот премиер Ковачевски му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака успешен мандат и ефикасна работа.

Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт.

„Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиниенции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарни на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните“, рече Џафери, додавајќи дека примарната задача на оваа влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори.

Двајцата заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Северна Македонија.

Техничката влада во Собранието беше изгласана вчера. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат свои министри, не гласаа за изборот на техничката влада, бидејќи не го прифаќаат Џафери за премиер. Двајцата пратеници од Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев гласаа „против“, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...