fbpx

Двојството на функциите на Џафери е неуставно и незаконски

Оценката за неспоивоста и за прекршувањето на Уставот и на законите ја повтори претседателката на ДКСК и само се надоврза и на други експерти, со што изјавата може да се оцени како вистина – Џафери навистина го прекршува Уставот и законите, бидејќи тие се недвосмислени

-

Оценката на ДКСК дека двојството на функции по парламентарните избори од 8 мај е неуставно и незаконски, се однесува на Талат Џафери и некои други пример во Владата. Таквата оценка за неспоивоста и за прекршувањето на Уставот и на законите ја повтори претседателката на ДКСК и само се надоврза и на други експерти, со што изјавата може да се оцени како вистина – Џафери навистина го прекршува Уставот и законите, бидејќи тие се недвосмислени, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Нашето законодавство брои многу закони меѓу кои Уставот, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Законот за спречување на корупција и на судир на интереси кои недвосмислено, јасно и конкретно дефинираат неспоивост на функција односно дека претседател на Влада, претседател на Република, пратеници, министри, и градоначалници и други функции на избрани и именувани лица и друга функција е неспоива една со друга, изјави Татјана Димитровска

[Извор: СителТВ/веб-Димитровска: датум: 02.06.2024]

 

Образложение:

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси (ДКСК), Татјана Димитровска искажа оценка дека претседателот на Владата Талат Џафери, кој реши да ја „замрзне“ пратеничката функција и да продолжи да ја извршува функцијата премиер на привремената влада, всушност е неуставен и незаконски чин и таквата нејзина оценка во изјавата ја оценуваме како вистина.

Талат Џафери на 28.01.2024 функцијата пратеник и Претседател на Собрание ја замени со премиер на т.н. техничка влада, односно премиер на привремена влада на РСМ до завршувањето на изборите и избор на нова влада. На функцијата, која ја прослави со црвени вратоврски, пијалак и песни во присуство на Али Ахмети, стапи на должност ден подоцна на 29.01.2024, со примопредавање на кабинетот со Димитар Ковачевски. Но, Џафери  истовремено беше номиниран и избран за пратеник на парламентарните избори што се спроведоа на 8 мај годинава. За тој избор човекот си прими уверение од ДИК, а за време на конститутивната седница на која му беше потврден мандатот, Џафери изјави дека ја „замрзнува“(!?) пратеничката функција:

Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите (Извор Макфакс/Јутјуб).

Како што може да се види, и Џафери смета дека согласно закон не може да извршува две функции, но затоа смета дека врз основа на тоа што Собранието не ја разрешило привремената влада, а и врз основа на заклучок на привремената влада, тој може да ја замрзне пратеничката функција на тој начин што нема да учествува во работата на Собранието, ниту ќе гласа до изборот на идната влада.

Џафери во момент на давање на „правна експертиза“ дека ќе си остане премиер. Фото: скриншот

На ваквата одлука веднаш реагираа и дел од експертите, пред сè од Правниот факултет на УКИМ во Скопје. На пример, професорот по Уставно право Денис Прешова, меѓу другото изјави дека на Џафери Собранието може да му го одземе пратеничкиот мандат и тоа врз основа на Законот за Собрание:

Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара. Доколку и покрај ваквото известување Џафери не отстапи од своето „толкување“ и продолжи да ја извршува функцијата претседател на Владата тогаш Собранието треба веднаш врз основа на Законот за Собрание (Член 6 (1) На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: 3) настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник;), напиша Прешова на Фејсбук.

Треба да се напомене дека ДКСК уште пред настапот на нејзината претседателка ги повика сите лица да се држат до начелото на интегритет, Уставот и законите и да не дозволат двојство на функциите

Притоа, Комисијата го цитираше членот од Уставот (член 89), членови од Законот за спречување корупција и судир на интереси (членовите 4 и 44), Законот за пратениците (член 9), Законот за Собранието (член 7), итн.

Врз основа на овие документи, од ДКСК во својот заклучок навеле:

Непочитувањето на сите горенаведени обврски и забрани повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно член 6 став 1 точка 3 од Законот за собранието, член 8 став 1, точка 3 од Законот за пратениците и член 152 став 1, алинеја 3 од Изборниот законик. Воедно, истото претставува прекршок за кој согласно член 105 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се изрекува одредена прекршочна санкција.

Поради сите погоре наведени аргументи може да се каже дека оценката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска дека однесувањето на Талат Џафери е неуставно и незаконско е вистина.

Извори:

 

Оцени: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...