ТикТок автоматски ќе ги означува видеата создадени со вештачка интелигенција

ТикТок со помош на меѓуиндустриската група Коалиција, ќе идентификува и означува содржини создадени со вештачка интелигенција

Photo by Solen Feyissa on Unsplash

TикТок ќе ги означува корисниците кои прикачуваат содржина генерирана од вештачка интелигенција (ВИ), а со тоа станува првата голема апликација за видео содржини која автоматски ја означува таквата содржина, пишува „Гардијан“.

Содржините создадени со помош на алатките за вештачка интелигенција на TикТок веќе автоматски се означени како такви за корисниците, а компанијата бара од креаторите да ги постават истите ознаки на содржините кои ги објавуваат а се изработени со ВИ.

Досега креаторите можеа да ги избегнат правилата и да го пренесат генерираниот материјал како автентичен со тоа што ќе ги постават откако ќе ги изработат содржините на друга платформа.

Сега, ТикТок со помош на меѓуиндустриската група Коалиција, ќе идентификува и означува содржини создадени со ВИ.

„Вештачката интелигенција нуди неверојатни креативни можности, но може да ги збуни или заведе гледачите ако не знаат дека содржината е генерирана на тој начин“, рече Адам Пресер, шеф на операции и безбедност во ТикТок.

Плановите за обележување на содржини од ВИ на ТикТок следат откако Мета најави нешто слично во февруари. Но, обидите за етикетирање направија малку за да го забават огромното ширење на слики генерирани со вештачка интелигенција особено на Фејсбук.

И останатите социјани мрежи имаат обиди за обележување на ВИ содржини но се помалку функционални.

Снепчет, за пример, ја означува содржината генерирана со вештачка интелигенција создадена со помош на сопствени алатки, но ги предупредува корисниците дека сликите создадени преку Снепчет можеби нема да бидат означени како генерирани со вештачка интелигенција, додека „X“ на Илон Маск, претходно познат како Твитер, воопшто нема систем за обележување на содржини изработени со ВИ.