Вештачката интелигенција како алатка за рана детекција на канцер

Целта на користење на вештачката интелигенција е да им овозможи на патолозите подобри, поточни и побрзи информации, потребни во детектирањето на канцерот на дојка

-

Подемот на вештачката интелигенција се развива во сите сфери на општеството, а нејзиниот напредок може да се забележи и во здравството. Канцерот на дојка како еден од најголемите заканувачки болести на модерната ера со помош на вештачката интелигенција може да се детектира уште во најраните фази. Лекарите во Обединетото Кралство во градската болница во Питерборо започнаа испитување за анализа на рак на дојка со помош на вештачка интелигенција.

Специјалисти вклучени во лекувањето на ракот на дојката учествуваат во испитување со користење на специјален софтвер за вештачка интелигенција. Користејќи „дијагностичка алатка поткрепена со вештачка интелигенција“, а развиена со цел да се подобрат анализите на биопсии, соопшти Националната здравствена служба во Англија.

Патологот д-р Дејвид Бејли кој работи во развивање на оваа алатка, истата ја опиша „возбудлив пробив“, а нејзиното тестирање поминало период од една година. Иновативната дијагностичка алатка со ВИ, развиена од „Ibex Medical Analytics“ е финансиран од Националниот институт за истражување на здравјето и негата, пишува BBC.

Целта на оваа алатка е да им овозможи на патолозите подобри, поточни и побрзи информации, потребни во детектирањето на канцерот на дојка. Според патолозите, ваквиот напредок на технологијата немаат досега забележано во нивната кариера, а потребата и олеснувањето од истата е непроценливо.

Ракот на дојка во Обединето Кралство според анализите секоја година достигнува бројка од околу 56.000 нови случаи. Според описот на Националната здравствена служба, вештачката интелигенција влијае преку систем на алгоритми, кои придонесува во дополнителна експертиза со спојување на100 патолози ширум светот. Софтверот спроведува серија проверки за рак на дојка, користејќи технологија за анализа на примероци од ткиво, помагајќи им на патолозите да ја откријат болеста побрзо и со поголема леснотија. Системот покажува висока стапка на точност и ја намалува потребата пациентите на подлежат на повторни биопсии.

Според патолозите, алатката за вештачка интелигенција првично ќе се користи како безбедносна мрежа. Досега лекарите во Обединето Кралство имаат користено слична алатка со вештачка интелигенција во случаи на лекување на простата, а истата се покажала за успешна.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...