недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: нерегуларности | 45 резултати

Филипче: Ако имаше манипулации со вакцините ќе имаше и финансиска штета

март 11, 2021

Владата и Министерството за здравство од почеток на овој процес на набавка на вакцини, комуницира со голем број на компании со цел таа набавка да биде што поскора. Имаме два принципи кои ги следиме, тоа се принципите на внимателност и на регуларност. Ги отфрлам сите обвинувања на опозицијата дека станува збор за некакви незаконски постапки […]

ОЈО регистрира 24 изборни нерегуларности во кои нема елементи на кривични дела

јули 15, 2020

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број на изборни нерегуларности, информираат од Јавно обвинителство. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можеа да пријават сомнение за сторено кривично дело […]

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

јули 15, 2020

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот […]

МВР регистрираше осум прекршувања на изборниот молк

јули 15, 2020

За време на предизборниот молк, до 7 часот денеска, односно до отворањето на избирачките места, МВР регистрирало осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест на подрачјето на СВР Скопје, еден на подрачјето на СВР Струмица, односно Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, во с. Виниче и […]

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

јули 15, 2020

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на […]

Општина Бутел отвори 24 часа дежурен телефон за пријавување на нерегуларности

февруари 20, 2020

Општина Бутел од денес отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токсичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго. Телефонскиот […]

Затвореникот за изборни нерегуларности Агим Красниќи не се вратил во затворот во Штип од викендов

февруари 6, 2020

Синоќа во 18 часот бил крајниот термин до кога кондовецот Агим Красниќи требало да се врати од викенд во Затворот во Штип, каде отслужува 15 годишна казна. Уште синоќа е алармирана полицијата, а денеска писмено се извесни сите институции, потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров. Красниќи се води како бегалец од затвор. Красниќи го […]

Мицкоски: И покрај сите притисоци ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска ќе победат

мај 5, 2019

И покрај сите злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и посебно полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска – Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател. Со таква порака […]

Бајрами: Инцидентот во Студеничани не е пријавен

април 21, 2019

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности во Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до тој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што објави МОСТ дека лицето кое го поседувало […]

МОСТ: До 13 часот, излезноста 20,8 отсто, регистрирани две неправилности

април 21, 2019

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, граѓанската организација специјализирана за следење на изборите, до рано попладнево гласањето се одвивало во најдобар ред, без посериозни неправилности. Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности: -На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно […]

Обвинителство: На референдумот регистрирани 40 нарушувања

октомври 5, 2018

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ја објави информацијата за привремената комисија што ги  следеше нерегуларностите и инцидентите во кампањата и на денот на референдумот. Вкупно се регистрирани 40 нерегуларности, а од нив еден случај е во текот на кампањата, за повик за поткуп на гласачи на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Нерегуларности на […]

МВР: Гласањето се одвива без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир

октомври 29, 2017

Министерството за внатрешни работи извести дека нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, на денешното гласање од вториот круг од локалните избори. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес-конференција рече дека се регистрирани три случаи на фотографирање гласачко ливче и апелираше гласачките ливчиња да не се фотографираат бидејќи се крши законот и следуваат санкции. Тој […]

„Цивил“: Неколку нерегуларности и мирен почеток на гласањето

октомври 29, 2017

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ утринава бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори. Исклучок прави избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било заклучено до 8.30 часот. Времето на гласање на ова гласачко место, според законот, мора да се […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му правеше притисок на Управниот суд да не дозволи прегласување

октомври 25, 2017

СДС со притисокот врз Управниот суд и врз ДИК, за тие да одлучат во негова полза, мисли дека го прикрил поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои ги вршеа неговите активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. „Завчера, поради политичкиот притисок што во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, […]

„Мост“ регистрираше семејно гласање и технички проблеми со избирачкиот материјал

октомври 15, 2017

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција за денешните локални избори соопшти дека имало низа непочитувања на постапката за гласање, како и технички проблеми со материјалот. На гласачко место во село Градец, општина Врапчиште, претседателот на избирачкиот одбор стоел зад параванот додека луѓето гласале. Забележано е семејно гласање на три гласачките места во општина Врапчиште, а набљудувачите […]

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите поминаа со многу нерегуларности, среќни сме што нема жртви

октомври 15, 2017

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие избори поминале со многу нерегуларности за кои од партијата направиле записници што ќе ги достават до меѓународните претставници во земјава. – Среќни сме што немаше жртви и повредени. Регистриравме нерегуларности за кои направивме записници и ќе ги доставиме до меѓународните претставници – изјави кратко на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека […]

Затворени гласачките места, шестите локални избори поминаа во мирна атмосфера

октомври 15, 2017

Во 19 часот заврши гласањето за шестите локални избори на територијата на Република Македонија, кое се одвиваше во мирна атмосфера со помали нерегуларности. Поголемиот дел од гласачките места беа отворени во 7 часот утринава. Невладините организации „Мост“ и „Цивил“ информираа за задоцнување на отворањето на неколку гласачки места поради технички проблеми, но не повеќе од […]

„Мост“: Двајца приведени поради фотографирање на гласачките ливчиња

октомври 15, 2017

Граѓанската асоцијација „Мост“ во својот извештај во 17.30 часот одбележа повеќе неправилности со гласачки ливчиња и со избирачкиот список, од кои во одреден дел интервенирала полицијата. Имало пронајдени неупотребени гласачки ливчиња, обиди за гласање во име на други лица, фотографирање гласачки ливчиња и други неправилности. Двајца гласачи биле приведени. На гласачкото место 2762, во општина […]

„Мост“: Доцнење на неколку гласачки места, во Струга гласач ги фотографирал ливчињата

октомври 15, 2017

Граѓанската асоцијација „Мост“ на почетокот на гласањето за локалните избори забележала задоцнувања на отворање на гласачки места, откинување гласачки ливчиња заедно со кочанот, неработење на УВ-ламба и фотографирање на гласачките ливчиња. Четири гласачки места во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, биле отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал […]

Мирен почеток на изборниот ден со помали нерегуларности, оцени „Цивил“

октомври 15, 2017

Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, утринава на прес-конференција рече дека почетокот на изборниот ден бил мирен, со низа помали нерегуларности, односно технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори. Посочи дека во текот на вчерашниот ден регистрирале повеќе од 20 случаи на прекршување на изборниот молк и тоа во Велес, Ресен, Скопје, Штип, Тетово и во Гостивар. […]

Страна 1 од 3