сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: медиумска опсерваторија | 14 резултати

ЗНМ и СЕММ реагираат на стигматизирачкиот и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

20 јули 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во заедничко соопштение го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известуваат од меѓувладината конференција во […]

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

2 мај 2021

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. […]

Кина го забрани реемитувањето на Светскиот сервис на Би-би-си

12 февруари 2021

Кина официјално забрани во земјата да се реемитува Светскиот сервис на британската јавна радиодифузна куќа Би-би-си. Според радиодифузните регулатори во најмногубројната земја во светот, причината за ваквата одлука се известувањето на Би-би-си за корона вирусот и за прогонот на Ујгурите, етничко малцинство во Кина. Од Британскиот јавен радио дифузен сервис, Би-би-си порачаа оти се разочарани […]

Заев: Подготвени сме за целосна контрола на јавните пари за медиумите

24 декември 2020

Промена на членот 102 од Законот за АВМУ, со што ќе се тргне забраната за рекламирање на Владата и нејзините институции, општините и јавните претпријатија, како и создавање на фонд за проекти од јавен интерес, е најавата што дојде директно од премиерот Зоран Заев. Тој најави дијалог за најавените измени со засегнатите страни, вклучувајќи ги […]

ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

21 август 2020

Новинарите и медиумските работници во земјава имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради ковид-19. Сопствениците на медиумите, пак се незаинтересирани да разговараат за овие проблеми, соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Синдикатот во јуни спровел анкета меѓу […]

Бавната динамика на реформите во медиумите во земјава ја загрозува европската интеграција

30 јуни 2020

Исполнувањето на реформите во сферата на медиумите во нашата земја што произлегоа од Договорот од Пржино, сè уште не е целосно завршено. Земјата се движи со бавни чекори кон подобрување на медиумската сфера, што е услов за пристапување во Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Според домашните и меѓународните извештаи, нема доволно безбедност за новинарите и воопшто […]

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

13 февруари 2020

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари […]

ААВМУ: Не сме надлежни да го поништиме конкурсот за членови на Надзорниот одбор на МРТ

23 јануари 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вели дека нема надлежност да го поништи конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ, во време кога мандатите на членовите на Програмскиот совет се истечени, пишува Порталб.мк. – Немаме надлежност да го поништиме конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор, тоа […]

Новинарите се соочуваат со притисоци и по промената на власта

28 јуни 2018

Владата се пофали дека медиумските работници се ослободени од политички притисоци. Но поведението на дел од функционерите во власта и искуствата на новинарите во секојдневната работа се доказ дека ова сè уште не е точно. Закани, притисоци, навреди, влијанија – сите овие методи се уште се дел од секојдневието во медиумската сфера, говорат повеќе новинари […]

Законот е само алатка, а не е клуч за слободни и професионални медиуми

4 јануари 2018

Владата влезе во финален процес на менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Главните забелешки од страна на здруженијата и медиумската фела се однесуваат на предлозите на Владата за МРТ, Агенцијата за медиуми, како и обврските кон приватните радиодифузери. Европскиот експерт Питер Ванхојте за ПИНА вели дека засега делува дека предлог законот ќе […]

Страна 1 од 1