fbpx
Таг: МРТ

таг: МРТ

Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор

Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“ на Центарот за развој на медиуми. Ковид-19 го потисна од агендата прашањето за медиумски реформи, а исклучок од...

ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата се регулирани со прецизни одредби во Изборниот законик, кои пак биле критикувани од повеќето соговорници...

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на изборниот молк. Сите три медиуми го прекршиле членот 76-б став 3 од Изборниот законик, односно за...

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес, во кои е емитувана изјава од прес-конференција на носител на функција во органите...

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и да биде достапен до...

Бавната динамика на реформите во медиумите во земјава ја загрозува европската интеграција

Исполнувањето на реформите во сферата на медиумите во нашата земја што произлегоа од Договорот од Пржино, сè уште не е целосно завршено. Земјата се движи со бавни чекори кон подобрување на медиумската сфера, што е услов за пристапување во Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Според домашните и меѓународните извештаи, нема доволно безбедност за новинарите и воопшто за медиумите во Македонија. „Останува фактот...

МРТ ги објави правилата за медиумско покривање на изборите, но само за првиот програмски сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Како што се наведува во објавата, станува збор за обврски на јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 пропишани во Изборниот законик. Во овие правила е наведен единствено првиот телевизиски програмски сервис, а не и другите радио и телевизиски програми што...

МИОА ја одобри новата систематизација за дополнителни 460 работни места во МРТ

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) минатата недела ја одобрило новата систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), предложена од Програмскиот совет на МРТ. Потпретседателот на Програмски совет, Ведат Мемедалија, вели дека новата систематизација е потпишана од државниот секретар на МИОА, Адем Авзиу и предвидува зголемување на бројот на вработените на јавниот сервис од сегашните 764 на...

Учебната година на „ТВ Училница“ заврши успешно – далечинското образование предизвик и за наставниците и за учениците

ТВ Училница лого
Од 16 март, пет дена откако Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да ги затвори сите градинки и училишта во државата, па сè до крајот на учебната година на 10 јуни, над 250.000 ученици преостанатиот дел од наставната програма, освен онлајн, го следеа и на телевизија. Наставниците и ликовите од серијата „5+ Фамилија“, секое утро беа присутни...

МРТ треба да вработи повеќе новинари, да отвори дописнички центри во земјава и да има дописници од регионот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не се изненадени од податоците во најновиот Правилник за систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), кој покажува дека на јавниот сервис му недостигаат 469 вработени, од кои 202 се новинари. Според информациите на ЗНМ, нема јавно достапна анализа од службите во МРТ за...

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во оваа куќа. Податоците ја покажуваат...

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме дека ние како организација, a и голем дел од нашите членови, сме незадоволни од недостигот на двонасочната комуникација за вклучување...

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува на 4 мај на МРТВ

Десет епизоди од ТВ-серијата „Зоки Поки“ од 4 мај ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20.15 часот на првата програма на Македонската радио телевизија. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. Модерната екранизација на култната детска книга „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова е во продукција...

МРТ од денеска започнува со емитување на четири нови канали, кои ќе се пуштаат етапно

Македонската радио телевизија информира дека дека од денеска почнува со емитување на четири нови телевизиски канали, и тоа МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма. „Прв канал што ќе почне да емитува...

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба...

Министерството за правда ја одобри донацијата на АВМУ за медиумите

Јавниот радиодифузен сервис, Македонската радио телевизија и 46 други приватни радиодифузери со сигурност ќе ги добијат парите од ветената донација од Агенцијата за аудио и аудиовизуелклни медиумски услуги за справување со последиците од ширењето на корона вриусот откако Министерството за правда го оцени потегот на АВМУ како прашање од јавен интерес. Претходно позитивно мислење за донацијата за радиодифузерите на...

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести...

Истражување на „Метаморфозис“ за медиумски реформи: Големи очекувања – малку постигнувања

Сосотојбата со медиумите во реформскиот сектор се застанати на половина пат, а медиумите во земјата се соочуваат со опасност од ново заробување какво што имавме до 2015/16 година, пред се поради опасноста од зависност од јавните пари. Ова се наведува во најновото истражување за еден од клучните услови што ги поставува ЕУ за членство на земјите аспиранти, а што го...

Јавниот сервис во предизборието: МТВ избалансирано, Македонското радио во полза на ВМРО-ДПМНЕ

Само дел од каналите на Македонската-радио телевизија (МРТ) прикажале избалансирано предизборно известување во информативната програма во периодот од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот пред отпочнувањето на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Најголем дисбаланс има кај програмата на првиот програмски сервис на Македонското радио,...

МРТ тврди дека лани го намалила долгот за 2,8 милиони евра, но опаднал и бројот на вработени

Раководството на Македонската-радио телевизија (МРТ) тврди дека лани успеале да го намалат долгот на јавниот радиодифузен сервис за над 2,8 милиони евра. Обврските на МРТ на крајот од 2019 година биле заокружени на околу 11,8 милиони евра, се вели во Извештајот за финансиското работење на ЈРП МРТ“ за четвртиот квартал од минатата година. Од јавниот радиодифузен сервис во извештајот повторуваат...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...