Алиу: Со дигитализација на јавната администрација нема веќе да се бараат врски за да се дојде до документ

Министерот за информатичко општество Азир Алиу признава дека дигитализацијата бара многу пари и дека државата во тој поглед е на ниско ниво. Тој вели дека, сите други држави имаат повеќе дигитализирани процеси во споредба со нашата

-

Со дигитализацијата на услугите што ги нуди јавната администрација ќе се подобрат услугите кон граѓаните и ќе се намали т.н. ниска корупција, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека лично за него, дигитализацијата е еден од клучните приоритети во неговиот мандат.

Алиу признава дека дигитализацијата бара многу пари и дека државата во тој поглед е на ниско ниво. Според него, сите други држави имаат повеќе дигитализирани процеси во споредба со нашата.

„Лично за мене, предизвик е дигитализацијата на јавната администрација. Со дигитализацијата на процесите, ќе ги подобриме услугите кон граѓаните и ќе ја намалиме таа ниска корупција, каде граѓаните или треба да имаат некој познат или да се снајдат некако за да стигнат до документ што им треба“, изјави Алиу.

Тој тврди дека дигитализацијата нема да повлече намалување на работните места во администрацијата, во која сега во 1.354 институции се вработени 129.374 луѓе. Таа бројка во однос на 2021 година е намалена за околу 2.000.

Како што најави Алиу, со инфраструктура на АД Пошта ќе се воспостават услуги на едно места на над 330 локации по принципот на едношалтерски систем, услуга што сега е достапна на пет локации, во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово.

„Дигитализацијата на услугите е на ниско ниво и ние работиме интензивно, гледаме секој ден да ставаме по една нова услуга која е дигитална. Во моментов работиме на 150 такви услуги. Една од причините поради кои не се искористени моменталните услуги е ниската информираност на граѓаните, треба да се информираат и да знаат дека од една точка, во пошта, можат да ги користат услугите“, рече Алиу.

Во однос на медиумите, министерот за информатичко општество информираше дека првата фаза од измените на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги е заокружена и ќе биде поставен на Е-Влада. Тоа ќе се направи со цел да се изгласа што поскоро за да се испочитува зададениот рок  – 31 мај годинава за да не се изгуби пристапот до фондовите од „Креативна Европа“.

„Измените се однесуваат на финансиите за јавниот сервис МРТ и се прави анализа со која се планира да се намалат сегашните средства од 1 процент за МРТ, што се предвидени доколку не се загрозува Буџетот на државата. Сега се анализира да се најде решение, но нема да биде еден процент“, вели Алиу.

Со законските измени ќе се понуди и решение за регулација на мултимедијалните содржини (текст, аудио, видео). Порталите во оваа фаза не се опфатени и ќе влезат во ново решение. Првичните размислувања се тие да имаат регистрирана фирма во државава, како и минимум еден вработен како директор и уште двајца за работен процес.

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...