Тик Ток анестезиологот остана без лиценца, седум години не смее да работи како доктор

Hема да дозволиме дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата, наведено е во соопштението на Лекарската комора

-

Судот на честа при Лекарската комора, на денешната седница одлучи привремено да му ја одземе лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, информираат во Лекарска комора.

„Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика“, наведено е во соопштението на Лекарската комора.

Оттаму потсетуваат дека докторот на медицина, својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство и дека тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци.

„И најстручниот лекар не е доволно добар лекар, доколку не ги почитува етичките норми и правила. Нема да дозволиме дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата“, се додава во соопштението.

На 15 април, МВР соопшти дека докторот сникал и објавувал пациенти на Тик ток. Тој објавувал лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, по што полицијата го привела анестезиологот во тетовското село Одри.

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претстедателката на Лекарската комора, минатата недела на прес-конференција кажа дека трајното одземање лиценца се прави по одлука на суд, и тоа, ако станува збор за несовесно лекување кое завршило со смрт.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...