ВМРО-ДПМНЕ и Левица во битолскиот совет изгласаа помош за семејствата на осудените за 27 април

Во образложението на одлуката за финансиска помош од страна на битолскиот општински совет е употребена формулацијата „неоправдано осудените“

-

Претседателката на советот на општина Битола, Габриела Илиевска, побарала инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа да извршат вонреден инспекциски надзор, во врска со последните случувања во битолскиот општински совет. Денешното продолжение на седницата, кое не го закажа Илиевска и со кое претседавала највозрасната советничка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марица Тодоровска, резултираше со одлука согласно која, на семејствата на осудените лица од крвавиот четврток што се случи во Собранието на РСМ на 27 април 2017 година, треба да им се додели парична помош од по 10.000 денари.

„Отворената 26. седница е прекината поради потребни дополнителни консултации. Она што дополнително се случувало во салата на Советот на општина Битола, немам намера да го коментирам, за истото ќе се произнесат надлежните институции. За денеска, јас не закажав никакво продолжение, или пак, нова седница. Кој, како и што работи внатре во салата на советот во овој момент не знам“, вели за Мета.мк претседателката на битолскиот општински совет Илиевска.

Откако добила информација за одржување седница утрово, советничката група „Поинаку“ испратила дописи и до градоначалникот Тони Коњановски и до Општина Битола, во кои информирале дека советничката група на „Поинаку“, во состав Габриела Илиевска, Иван Чулакоски и Алмир Адемоски, нема да присуствуваат на т.н. продолжение на 26. седница на Советот на Општина Битола.

„Како советници, немаме намера да учествуваме на незаконски седници, ниту сега, ниту во иднина“, додава Илиевска.

Инаку, денешното мнозинство за продолжение на седницата на Советот на општина Битола го обезбедија ВМРО-ДПМНЕ со двајца советници на партијата Левица и советничката од коалицијата ЛДП-ДОМ. Сите точки од седницата на битолскиот општински совет биле изгласани без дискусија, со исклучок на предложената финансиска помош за семејствата на осудените лица за упадот во македонскиот парламент на 27 април кое беше предложено од ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, пренесува Независен.мк.

Иако од Левица, иницијативата за исплата на пари за семејствата, ја оцениле како како лицемерна, тие гласаа за предложената точка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата оти веруваат дека вистински им е потребна помош на семејствата.

Советничката на ДОМ Анастасија Трајковска остана на седницата на битолскиот општински совет, но не гласаше за иницијативата за финансиска поддршка. Таа рече дека имала забелешка околу формулацијата ’неправедно осудените’, додавајќи дека битолскиот општински совет не е суд за да може да даде таква констатација во однос на осудените лица за упадот во Собранието на РСМ на 27 април 2017 година.

„Праведно или неправедно осудени кажува судот, на оваа точка не ѝ е местото овде во Советот на општина Битола“, рече Анастасија Трајковска, советничката од ДОМ и таа се иззеде од гласањето за оваа точка.

Инаку, советниците од опозициската коалиција предводена од СДСМ во четвртокот ја напуштија седницата на битолскиот општински совет и од тогаш не се вратија во салата. Претседателката на општинскиот совет, Габриела Илиевска по ова ја прекина седницата.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...