понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: дигитализација | 271 резултати

Во Кинотека проекција на дигитално реставрираниот филм Македонска крвава свадба

септември 30, 2025

Во киносалата на Кинотека во четврток, на 2 октомври, ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм Македонска крвава свадба од 1967 година во режија на Трајче Попов, како дел од проектот „Сезона на филмски класици“. „Со проекцијата на овој класик на домашната публика ќе ѝ се овозможи повторно да го доживее филмот во […]

Уставниот суд денеска ја промовираше опремата за дигитализација, донација од ТИКА

септември 29, 2025

Во Уставниот суд денеска беше промовирана опремата за комплетна дигитализација која е добиена како донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Судот добива можност да работи по најсовремени технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски изјави дека минатата година Судот го […]

Индекс на отвореност 2025: Најотворени општини се Крива Паланка, Берово и Демир Хисар, а најзатворена Демир Капија

септември 24, 2025

Најотворени општини во 2025 година биле Крива Паланка, Берово и Демир Хисар, додека како најзатворени за своите граѓани се оценети Демир Капија, Сопиште, Лозово и Студеничани, покажуваат наодите од Индексот на отвореност за 2025 година, што беше промовиран денеска на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Истражувањето, кое ги опфати сите 80 општини и […]

Ејакузе: Годинава сте во клучен момент, треба да покажете напредок кон пристапувањето во ЕУ

септември 2, 2025

Партнерството за отворена власт започна во 2011 година, а Северна Македонија се приклучи уште тогаш. Вклучени се 74 национални влади и илјадници партнери од граѓанското општество, а целта е владите да се потранспарентни и поотчетни за да им служат на своите граѓани. Република Северна Македонија е eдинствената земја во Европа каде судството е директно ангажирано. […]

Апликацијата „мЗаедница“ ја олеснува комуникацијата меѓу општините и граѓаните

август 28, 2025

Проблеми поврзани со инфраструктура, паркови и зеленило, јавно осветлување, како и отпад и чистота се најчестите прашања кои граѓаните ги адресирале до своите општини преку апликацијата „мЗаедница“. Забелешките на граѓаните, преку овој канал на комуникација директно стигнуваат до надлежните во општинските служби, што им олеснува на жителите кои сакаат да се обратат до локалните власти, […]

„Оживеан“ објектот „Градбата со Арки“ во Стоби преку 3D фотореалистична реконструкција

јули 1, 2025

Проектот „Градбата со Арки – дигитална порта кон римското минато на Македонија“, претставува значаен чекор напред во современата презентација на македонското културно наследство. Овој објект од римската епоха, сместен во археолошкиот локалитет Стоби, е оживеан преку фотореалистична 3D реконструкција, со што се комбинира археологијата, дигиталната уметност и научното истражување. „Ова е исклучително значаен чекор во […]

Мачна дигитализација на матичните книги – по 13 години и 8,5 милиони евра дел од изводите сè уште се прават со машина за пишување

мај 27, 2025

Државниот завод за ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој што трае повеќе од една деценија и досега е инвестирано над половина милијарда денари (приближно 8,5 милиони евра). И покрај ова огромно вложување, процесот сè уште не е завршен, а голем број граѓани сè уште добиваат изводи од матичните книги […]

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

мај 12, 2025

Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати на користење дигитални технологии. Претставници на Институтот, учествуваа во првата активност Учење-Предавање-Обука во рамките на Еразмус+ проектот „Wonder learning for digital natives/Чудесно учење за […]

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

мај 5, 2025

Малтретирањето е распространето во образовните институции во Македонија. Безмалку 20 отсто од учениците во земјата, во 2022 година пријавиле редовно малтретирање. Освен тоа, во пораст се и дигиталното насилство врз децата, како и  онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, покажува анализата на состојбата со децата и адолесцентите во Македонија, која ја објави УНИЦЕФ. „Стапката на малтретирање […]

Ректорката Ангелова: За година и половина ќе се заокружи процесот на дигитализација на УКИМ

март 3, 2025

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) овој месец почнува со целосна дигитална трансформација, најави денес ректорката на првиот и најголем државен универзитет, Биљана Ангелова. Според неа, најпрво ќе се дигитализираат сите студентски сервиси, при што основните сервиси се очекува да бидат целосно завршени пред почетокот на учебната 2025/2026 година, а целиот процес да […]

Дигитализацијата во 2024 година: Ограничен напредок со многу недостатоци

јануари 9, 2025

Дигитализацијата се докажа како клучен фактор во трансформацијата на општествата и исклучително важен елемент за економски, демократски, социјален и културен развој. Со помош на дигитализацијата јавните и приватните услуги може да се обезбедат побрзо и поефикасно. Дигиталните платформи ја зголемуваат транспарентноста и ја намалуваат корупцијата, овозможувајќи одржливо управување со животната средина и природните ресурси. Северна […]

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

јануари 3, 2025

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на […]

Таравари: Има наши доктори кои работат во странство, но би се вратиле кај нас да работат во јавно здравство

декември 30, 2024

Има заинтересирани доктори кои работат надвор од државата, но бараат гаранции од нас ако се вратат, да бидат вработени во нашите јавни здравствени установи. Затоа размислуваме, секој кој работи во некоја јавна здравствена установа во ЕУ да може веднаш да се вработи кај нас, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на брифингот со новинари. […]

Јубилејно 20 издание на „Е-општество“: Да ги разбереме вистинските придобивки на дигитализацијата

ноември 5, 2024

Дигитализацијата и дигиталната трансформација се важни процеси во денешното општество, а многумина лошо ја сфаќаат, односно, не ги разбираат нејзините вистински придобивки. Затоа, треба да се трудиме да овозможиме дигитално да се спроведуваат процесите и услугите кои се важни за граѓаните. Ова беше истакнато денеска на отворањето на јубилејното 20 издание на меѓународната конференција „Е-општество“, […]

Отворена канцеларија за услуги во Аеродром каде граѓаните ќе може да вадат документи од различни институции

октомври 26, 2024

Уверение за државјанство, уверение за податоци за стажот на осигурување, образец М1 или М2 од пријава или одјава во задолжително социјално осигурување, историјат на работни односи, потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, податоци на физички лица од кредитниот регистар… Ова се само дел од стотината документи што […]

Мета факт: Општина Битола не изработи мобилни апликации за плаќање сметки, лоцирање на паркинг и купување билети за јавен превоз

септември 5, 2024

Дигитализација на јавните услуги и „Smart City“ вети градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во својата предизборна програма на локалните избори во 2021 година. Една година пред истекот на неговиот мандат, најголем дел од проектите кои се дел од најавената дигитализација, а особено ветените мобилни апликации кои треба да олеснат одредени процеси, воопшто не се […]

„GoDigital“ ги поканува успешните ММСП да аплицираат за поддршка за дигитална трансформација

септември 5, 2024

Центарот за дигитална трансформација – „GoDigital“ објавува програма насочена кон поддршка на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во нивната дигитална трансформација. Ги покануваат успешните ММСП во Македонија да аплицираат за поддршка и ваучери за кофинансирање од 6.000 до 10.000 евра. За учество во програмата, компаниите треба да имаат позитивни финансиски резултати во работењето во изминатите […]

Млади од земјава со стартап дигитални бизниси го унапредуваат земјоделството

август 13, 2024

„Младински дигитални патишта за одржлив развој“, беше мотото годинава под кое се прославуваше Меѓународниот ден на младите, кој се одбележа вчера, на 11 август. Оваа тема има за цел да нагласи дека младите кои користат дигитални алатки можат да придонесат во постигнување на Целите за одржлив развој (ЦОР). Ширум светот, младите со нивните стартапи нудат […]

Taравари: Или ќе се прошири „Мој термин“ или ќе има нова дигитализација

август 12, 2024

Министерот за здравство Арбен Таравари, при денешната посета на реновираните простории на Универзитетскиот институт за радиологија, кажа дека дека се работи на проширување на програмата „Мој термин“, или пак, можно е да има нова дигитализација. „Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно и требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист […]

Со дронови се откриваат болести на земјоделските култури и се зголемуваат приноси

август 12, 2024

Преку проектот ЕУ за економски раст (EU4EG), над 30 стартапи предводени од млади претприемачи, добија поддршка да се развијат во одржливи бизниси подготвени за инвестиции, информираат од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Oттаму велат дека овие стартапи не само што придонесуваат за економскиот раст во државата, туку и решаваат критични прашања како што се климатските […]

Страна 1 од 14