МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

-

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства од државниот буџет во споредба со годинава.

„Но, со оглед на фактот што ЈРП МРТ се уште нема добиено официјално известување од државните институции за тоа со колкав вкупен износ ќе биде финансирано нејзиното тековно работење во идната 2021 година, во Финансискиот план за 2021 година, делот за финансирање на радиодифузната дејност е планиран во ист обем како и во тековната 2020 година и претходната 2019 година“, се наведува во објавениот документ.

Поаѓајќи од ова, раководството на МРТ ја планира приходната страна и во 2021 година да изнесува околу 14,5 милиони евра како средства за финансирање на радиодифузната дејност што би ги добиле од буџетот. Со овие средства треба да се обезбедат 87,6 отсто од вкупно планираните приходи на јавниот сервис за 2021 година. Заедно со нив, финансирањето на МРТ за 2021 година е проектирано со вкупно планирани приходи од околу 16,5 милиони евра.

Финансирањето на јавниот радиодифузен сервис е едно од главните отворени прашања во делот на медиумските реформи, кои секоја година добиваат на актуелност. Раководството на МРТ годинава планираше да добие околу 21 милиони евра од државниот буџет, но од Министерството за информатичко општество и јавна администрација добија 14,5 милиони евра. Скалестото покачување на процентот што МРТ треба да го добива од државниот буџет со актуелниот закон е со поставен услов „доколку има доволно средства во буџетот за вакво покачување“.

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓале изминативе пет години, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба со 2015 година.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...