fbpx

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

-

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат.

Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет на МРТ им истече во декември 2019 година, при што со членот 43 од измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ) од крајот на 2018 година ваквиот мандат им е продолжен до изборот на новиот состав од страна на Собранието на РСМ, која што постапка заглави во претходниот парламентарен состав кај Комисијата за прашања на изборите и именувањата и нејзиниот претходен претседател Илија Димовски.

Власта предводена од СДСМ во новиот парламентарен состав успеа да обезбеди мнозинство во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а на нејзино чело дојде пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ. Ова значи дека владејачката коалиција нема да има проблеми да донесе одлука дали ќе распише нов конкурс за пријавување на членови на Програмскиот совет на МРТ или ќе го доврши изборот на највисокиот орган на јавниот радиодифузен сервис по стариот, којшто остана блокиран во Собранието повеќе од една и пол година.

Сепак, и доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата конечно си ја заврши својата обврска во делот на изборот на новиот состав на Програмскиот совет, главната дилема дали ќе се промени актуелното раководство на МРТ лежи во членот 32 од измените и дополнувањата на Законот усвоени во 2018 година:

„Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Програмскиот совет на МРТ со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“.

Со кревкото парламентарно мнозинство од 62 пратеници на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА, изборот на новите членови на Програмскиот совет на МРТ е сигурно дека нема да може да се оствари. Единствен партнер со кој власта може да состави двотретинско мнозинство по ова прашање е ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, така што вистинското прашање е дали власта и опозицијата ќе успеат да се договорат за составот на највисокиот раководен орган на јавниот сервис, во интерес на неговиот развој и на јавноста во земјава.

Наспроти ова, новиот владин состав предводен од премиерот Зоран Заев во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија во периодот 2020-2024 година ветува дека во следните четири години фокусот ќе го стави на развој на Националната радио-телевизија како вистински јавен радиодифузер кој е во чекор со времето, информира навреме и точно, ја штити јавноста од дезинформации и гради професионално и квалитетно известување.

Засега останува нејасно дали ваквата владина заложба најпрво ќе резултира со промени на актуелното раководство на МРТ, или пак, реформите во јавниот радиодифузен сервис ќе ги започне владата со досегашните органи на МРТ преку зголемување на финансиските средства наменети за неа. Имено, законот предвидува МРТ, почнувајќи од 2021 година, да добива 1 процент од вкупниот износ на Буџетот на Република Северна Македонија.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...