недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Делегација на ЕУ во Скопје | 18 резултати

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

мај 8, 2023

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на […]

ЕУ Делегација: Граѓанските организации не треба да се воздржуваат од критички однос кон реформите

март 21, 2023

Повеќе домашни медиуми изминатата недела пренесоа извештај во кој е наведено дека двајца европски дипломати наводно испратиле пораки дека ќе вршат ревизија на организациите и на партнерите со кои соработува Европската Унија во Северна Македонија. Како што беше наведено во новинарските извештаи, делегатите имале забелешки за работата на граѓанските организации и за медиумите поддржани од […]

Отворена изложбата „Иднина е женски род“

март 8, 2023

На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, првата дама Елизабета Ѓоргиевска и вршителот на должноста постојан координатор на ОН Моника Сандри ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје. Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не […]

Како да се зголеми ангажманот на младите во земјоделството, клучен дел од агендата за развој на ЕУ

јуни 13, 2022

Како да се мотивираат младите да се занимаваат со земјоделство како клучен дел од агендата за развој и што им е неопходно, беа дел од прашањата на кои дебатираа триесетина претставници на институции, здруженија и поединци што се занимаваат со земјоделство, полјоделство, лозарство, овоштарство и пчеларство. Дебатата на тема „Здрава, безбедна и достапна храна“ поттикната […]

Младите во фокусот на овогодинешното одбележување на Денот на Европа

мај 6, 2022

Делегацијата на Европската Унија, заедно со „Јуроп Хаус“, ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности поврзани со младите, информираат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Главниот јавен настан годинава […]

Отворена изложбата „Розeви тигри и златни гуштери и сѐ друго“ – дел од кампањата за Европскиот зелен договор

март 10, 2022

Денеска во резиденцијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ, заедно со Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата, ја отворија уметничката изложба за Европскиот зелен договор насловена „Розеви тигри и златни гуштери и сè друго“. Главната тема на изложбата е спречување на колапсот на биодиверзитетот, што е меѓу основните […]

Илина Арсова ја доби наградата „Европска жена на годината“ за 2022 година

март 9, 2022

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, вчера за прв пат во Македонија беше доделена наградата „Европска жена на годината“ која е воспоставена од Делегацијата на Европската унија во Скопје. По номинацијата на германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајан за Европска жена на годината 2022 е избрана еко-активистката, уметница и алпинистка, Илина Арсова. Свеченото […]

Работилница за анимација за инклузија на деца со попреченост

октомври 23, 2021

Под името „Инклузивна анимација”. во просториите на Еurope House Скопје и Kинотека на Северна Македонија од 7 до 20 октомври се одржа работилница чија цел беше пред се да се обезбеди позитивна инклузивна средина, запознавање и дружење на децата со попреченост и типичните деца. Организатор на овој редок настан беше продукцијата „Фокус Покус Филмс“, со […]

Дезинформациите и медиумските манипулации може да ги поткопаат плуралистичките општества

јуни 28, 2021

Имаме видено дека дезинформациите и манипулациите во медиумите може да имаат тешко влијание врз животот на луѓето. Инфопандемијата со ковид-19 нè води кон теории на заговор кои креираат недоверба во институциите. Овие дезинформации и манипулации може да ги поткопаат и најважните аспекти во нашите општества кои се базирани на плурализмот. Што може да се стори […]

Најдобрите матуранти од Скопје добија награди и признанија за постигнатите резултати

јуни 16, 2021

Матурантите – првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта вчеравечер добија специјални признанија и парични награди од скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ што се одржа на Школката во Градскиот парк, и годинава беше награден успехот на учениците од средните стручни училишта кои се опфатени со тригодишното образование, […]

СЗО, УНИЦЕФ, ЕУ, САД и Велика Британија го поздравија пристигнувањето на првите вакцини од Ковакс

март 28, 2021

Пристигнувањето на првите вакцини во земјава преку механизмот Ковакс го поздравија СЗО, УНИЦЕФ, Делегацијата на ЕУ во земјава и евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На скопскиот аеродром утрово пристигна пратката на 24.000 дози на вакцини на „Оксфорд/Астра-Зенека“ против ковид-19. Ова е прва во низата […]

Делегацијата на ЕУ по седми пат ја додели наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

септември 26, 2020

По седми пат, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ ја доделија Наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ по повод Европскиот ден на јазиците. Дејвид Гир, Амбасадорот на Европската Унија, и Огнена НИКУЉСКИ, претседателката на Организациониот одбор на наградата „ВАВИЛОН“, ги доделија наградите на победниците на церемонијата […]

Новиот амбасадор на ЕУ, Гир му ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски

септември 21, 2020

Новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски. „Амбасадорот Гир вети дека во текот на целиот мандат ќе работи со институциите, политичките сили и сите чинители и сектори на општеството низ целата земја. Претседателот и амбасадорот Гир разменија мислења во врска […]

Делегацијата на ЕУ ги повика телевизиите, операторите и владата да најдат одржливо решение на спорот

февруари 28, 2020

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повикува владата, телевизиските станици и кабелските оператори во земјава да преговараат и да изнајдат одржливо решение за спорот којшто може да доведе до прекин на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали од страна на операторите во земјава. Делегацијата на ЕУ потсетува дека постигнатиот договор треба да ја почитува […]

Страна 1 од 1