fbpx

Делегацијата на ЕУ ги повика телевизиите, операторите и владата да најдат одржливо решение на спорот

-

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повикува владата, телевизиските станици и кабелските оператори во земјава да преговараат и да изнајдат одржливо решение за спорот којшто може да доведе до прекин на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали од страна на операторите во земјава.

Делегацијата на ЕУ потсетува дека постигнатиот договор треба да ја почитува важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до информации за сите граѓани. Притоа, одржливото решение треба да биде прифатливо за сите оператори на пазарот и да осигура имплементација на правата на интелектуална сопственост.

„Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и осигурување на сеопфатен и конзистентен збир на правила за медиумскиот сектор за сите релевантни чинители“, се наведува во испратеното соопштение од нивна страна.

Операторите се заканија дека на 2 март на полноќ ќе прекинат со реемитување на сите домашни и странски телевизиски канали, доколку не се изнајде решение за усвоените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесени на 16 февруари. Тие сметаат дека донесените законски измени се неприфатливи, бидејќи самиот закон е неспроведлив и самите оператори не можат да гарантираат за тоа дали се регулирани авторските права на програмата што се емитува од страна на домашните и странски телевизиски канали.

Од друга страна, телевизиските куќи ги поддржаа законските измени, потенцирајќи дека операторите реемитуваат телевизиски канали без регулирани авторски права за нашата земја. На тој начин, домашните телевизии се оштетени, бидејќи на некои од странските канали се емитуваат серии, музичко-забавни програми, филмови и спортски настани за кои овдешните медиумски куќи платиле за да ги откупат авторските права за нивно емитување на територијата на нашата земја.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...