fbpx

Новиот амбасадор на ЕУ, Гир му ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски

-

Новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

„Амбасадорот Гир вети дека во текот на целиот мандат ќе работи со институциите, политичките сили и сите чинители и сектори на општеството низ целата земја. Претседателот и амбасадорот Гир разменија мислења во врска со процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, напредокот што го направи земјата, како и идните реформи и предизвици што претстојат. Амбасадорот Гир ја изрази својата решеност да го поддржи процесот на позитивни реформи во интерес на слободите, просперитетот и безбедноста на обичните граѓани,“ информираат од Делегацијата на ЕУ.

Мандатот на амбасадорот Гир како Шеф на Делегацијата на ЕУ е четири години. Тој доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор во Скопје Самуел Жбогар, чијшто мандат заврши месецов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...