fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

ЗНМ во борба со лажните вести со етичкиот кодекс од 2001 година

Здружението на новинарите на Македонија испрати примероци од Kодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Етичкиот кодекс на ЗНМ беше усвоен во 2001 година и првпат беше дистрибуиран до сите медиуми во земјата. Поради неодамнешните случувања и претстојните локални избори, се појави потребата од негово повторно претставување.Како и во другите професии,...

АВМУ: МРТ небалансирана, „Нова“ и „Алфа“ известувале навивачки

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави најновиот извештај од надзорот на медиумското известување, кој го опфаќа периодот пред почетокот на изборната кампања, односно 16 до 24 септември 2017 година. Во него се забележува дека некои телевизии не го спроведувале новинарскиот принцип за известување, туку се однесувале навивачки. Во извештајот на АВМУ првин се забележува дека поради извештаите за...

ААВМУ, АЕК и медиумите да се заштитат од политичко мешање

Да се донесат законските измени со кои се предвидува двотретинска согласност на парламентарците при именување  на членовите на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и да се намали  рекламирањето на власта, пред се на локално ниво, во електронските медиуми и да се елиминира можност за политичко влијание во медиумите, се едни од главните цели што треба да...

Кабинетот на Груевски потрошил 38 милиони евра за рекламни кампањи и за пропаганда

Кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски, за периодот од 2008 до 2015 година потрошил 38 милиони евра од буџетот, за рекламни кампањи кои биле емитувани на телевизиите и во електронските медиуми, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека во оваа сума не се пресметани трошоците за кампањи во 2006, 2007 и дел од 2016 година,...

Со 0,5 отсто од Буџетот МРТ ќе има значително помалку пари од порано

Со издвојување на 0,5 отсто од државниот буџет ,односно околу 885 милиони денари (14,4 милиони евра) за Македонската радиотелевизија (МРТ), националниот сервис ќе има помалку пари на располагање од буџетите во изнинатите неколку години, кои беа од 18 до 23 милиони евра. Оваа сума, како што пишува „Вистиномер“, но, и како што предупредија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот...

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за сите медиумски реформи да се вклопат...

Прибе за медиумите: Пазарот слаб, весниците во лоша состојба, новинарите во уште полоша

„Препораките за медиумите дадени во 2015 година се применети само во ограничен обем, а медиумите сè уште се соочуваат со голем дел од истите предизвици што влијаеја на медиумската сфера години наназад. Сè уште преовладува впечатокот дека медиумите се врзани со политиката или се инструменти на влијателни фигури“, се вели во делот за медиумите во вториот извештај на Прибе. Потсетувајќи...

За да добијат бесплатни документи, новинарите треба да објаснат зошто ги бараат

Централниот регистар денеска информираше на кој начин новинарите може да го остварат своето право на бесплатен пристап до информации откако Владата на 26. седница донесе ваква одлука. Во одлуката на Владата стои дека Централниот регистар и Агенцијата за катастар за недвижности треба во рок од 30 дена да им овозможат на новинарите бесплатен пристап до јавните исправи кои ги издаваат...

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на...

Новинарските здруженија бараат 30 милиони евра за МРТ од буџетот на државата

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставиле забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање...

Новинарите бесплатно ќе добиваат информации од Централниот регистар и од Катастарот

Владата на денешната седница ја усвоија изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација, соопшти владината прес-служба. „Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата денеска го...

Трајчевски: Независноста на АВМУ ќе се наруши ако се стави под капата на Владата

Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од буџетот ќе ја наруши независноста на институцијата и ќе ја стави под капата на Владата, оцени денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, на отворањето на Конференцијата со регулаторните тела за медиумите од Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и од Словенија, организирана по повод...

ЗНМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска помеѓу власта и медиумите, бидејќи...

Владата одлучи да не се рекламира на приватните медиуми

Владата на денешната седница ја усвои мерката од планот „3-6-9“ со која се стопираат владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет портали (со исклучок на социјалните медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис. Оваа мерка, како што стои во соопштението од владината прес-служба, се однесува на сите органи на државната управа, а истата...

Владата ги отвори седниците – дневниот ред и записниците достапни на интернет

Јавноста од денеска има можност да ги види дневните редови и заклучоците од сите седници на Владата на нејзината официјална интернет страница. Ваквата новина Владата ја соопшти попладнево, преку својот „твитер профил“. На интернет-страницата е додадено ново „прозорче“ - „Седници на Влада“, каде во табела се наведени датумите, дневниот ред и записниците и соопштијата од седниците со можност за преземање на...

Бејли појасни: Реформите во медиумите се на маса и пред и по изборите

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска појасни дека реформите во медиумите се дел од Договорот од Пржино и дел од ургентните европски реформи за Македонија. - Тоа е на маса пред изборите и по изборите, тоа не е нешто што ќе се случи преку ноќ. Во таа насока многу е важно во врска со изборите како вие, репортерите и новинарските организации...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...