fbpx

Мониторинг во медиумскиот сектор: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

-

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година.

Резимето од мониторингот за реформите во медиумскиот сектор е следно:

Главните проблеми во медиумскиот сектор во Северна Македонија сѐ уште се присутни, какви што беа детектирани во последните неколку години, иако има конкретни чекори на поместување барем во еден значаен сегмент – безбедноста на медиумските работници.

  • По долги преговори и усогласувања Владата на РСМ се согласи да се пристапи кон измени на кривичното законодавство со што закана или напад кон новинари и медиумски работници ќе се третира како кривично дело за кое ќе се гони по службена должност.
  • Опасноста за влијание врз уредувачката политика на медиумите сѐ уште е реалност, со оглед на фактот што изборното законодавство од 2018 г. предвидува дека медиумското покривање на изборните кампањи на партиите ќе се финансира од Буџетот преку пријавување на самите медиуми за следење на изборите, а потоа самите партии преку сопствени систем на преференции одредуваат каде, во кој медиум ќе ги трошат парите.
  • Сѐ уште никако да се избере нов состав на Програмскиот совет на МРТ (НРТ), ниту нов состав на Советот на Агенцијата за медиуми (АВМУ), иако обидите траат од 2018 наваму.
  • Финасирањето на МРТ (НРТ) останува на најниско можно ниво што го овозможува законот, односно околу 0.6 отсто од Буџетот за претходната година за целиот радиодифузен сектор, иако, кога се договораа законските измени што беа донесени во декември 2018 година, беше договорено во наредните пет години тој процент да достигне 1 отсто, од кои, 75 отсто се наменети за МРТ. Малку зголеменото финансирање на агенцијата МИА, која сѐ уште е со статус на акционерско друштво во државна сопственост, поради пандемијата со ковид-19, е запрено, односно средствата остануваат на минимум за нејзино функционирање.
  • Стратегија за развој на медиумскиот сектор во целина, на државно ниво, сѐ уште не постои, ниту има најави дека за такво нешто се размислува. Единствено во сила е Регулаторната стратегија за периодот 2019 – 2023[1], изработена и усвоена во 2019 година од страна на Агенцијата за аудио-визуелни медиуми и медиумски услуги (АВМУ).

Главниот документ, извештајот за состојбите во медиумите, е придружен и со информации за позначајните состојби и активности во другите три области, реформи на јавната администрација, реформи во правосудството и реформи во областа на основните права во РСМ, кои се случиле на кварталното ниво од јули до крајот на септември 2021 година.

[1] АВМУ – 03.2019 – Регулаторна стратегија за развој на аудио и аудио-визуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 г. (достапно на: https://bit.ly/3zVa3MM )

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...