fbpx

SafeJournalists: Осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите – институциите мора да реагираат

-

Мрежата „SafeJournalists“, чиј дел е Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), регираше на попречувањето на работата на новинарите и нивна дискредитација во локалните избори и порача дека ќе ги алармира релевантните меѓународни институции и чинители за инцидентите.

„Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на новинарите во Република Северна Македонија. Во неколку одвоени инциденти, новинарите Џумадије Ибраими од ТВ Клан, Салије Садику ТВ 21 и Ферикан Арифи од Еуроњуз Албанија и други беа опструирани во нивната работа додека известуваа за изборниот процес од членови на изборни комисии, членови на политички партии и полицајци“, се посочува во реакцијата..

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди овие опструкции и побара од Државната изборна комисија (ДИК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да постапат и да ги решат сите пријавени инциденти од изминатата недела.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на вчерашната прес-конференција изјави: „Влегуваме во завршна и најжестока фаза од изборната кампања – јасно и гласно предупредуваме дека сето тоа мора веднаш да престане. МВР, Државната изборна комисија и обвинителството мора веднаш да реагираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера низ државата. Затоа бараме реакција од надлежните веднаш, не утре, туку сега“, истакна Чадиковски.

Мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на напорите на својата членка ЗНМ во подигање на свеста за проблемот со повреда на правата на новинарите особено во периоди на избори, додека правото на информирање е суштинско и се приклучува на повиците надлежните институции да ги разрешат инцидентите и да ги казнат сторителите.

„Само со брза реакција на институциите ќе се избегнат поголеми инциденти во кои може да биде загрозен физичкиот интегритет на новинарите. Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани“, се вели во реакцијата.

Мрежата „SafeJournalists“ ја сочинуваат Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија, Здружението на новинари на БиХ, Хрватското здружение на новинари, Независното здружение на новинари на Србија и Синдикат на медиуми на Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...