fbpx

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, соопшти Владата

-

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

„Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.

На 24 април се одржува првиот круг од претседателските избори, додека на 8 мај се одржуваат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...