fbpx
Таг: неработни денови

таг: неработни денови

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат во саботите, на 18 мај и на 1 јуни. Дополнително, скопските училишта треба да одработат и денот кога училиштата не работеа на 30 ноември, поради одржувањето на Министерскиот совет на...

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат. „Денешната владина...

Продавниците и киосците сепак нема да работат на 7 и 8 јануари

Престанува да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Препораката која предвидуваше работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, а која беше донесена минатиот четврток на...

За Велигден неработни денови се петок за православните, а понеделник за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Понеделник пак (20 април), вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Божик неработен ден за сите, Бадник за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика информира дека 7 јануари 2020 година (вторник), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Во согласност со Законот за празниците, 6 јануари 2020 година (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

1 и 2 мај се неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 1 мај (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија и 2 мај 2016 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...