fbpx

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија, за целосно решавање на нивниот статус, Владата донесе одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности, стои во владиното соопштение

-

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата.

„Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија, за целосно решавање на нивниот статус, Владата донесе одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. Владата, во активна соработка со специјализантите, досега покажа огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и е одлучна да продолжи во оваа насока, кон решавање на сите прашања од нивен и јавен интерес, во функција на здравјето на граѓаните“, соопшти владината служба.

Како што е констатирано на седницата, во 2018 година, приватните специјализанти за првпат биле платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш тие немале финансиски надоместок за ангажманот.

Приватните специјализанти втор ден се во штрајк. Младите лекари денеска порачаа дека не отстапуваат од нивните барања за повисока плата и решавање на здравственото осигурување.

Остро реагираа и на изјавата на минситерот за здравство, Илир Демири кој вчера рече дека зад штрајкот гледа политичка позадина.

„Немаме никакви политички мотиви. Мотивите за овој штрајк се сите овие колеги позади мене кои ги бараат основните услови за живот и срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување и нема ниедна политичка партија која треба да не мотивира за да ние си ги бараме правата. Јас лично немам ниту една книшка од партија, единствена книшка којашто јас ја имам дома е крводарителска книшка“, изјави д-р Христина Илијоска Чешларовска, специјализантка.

Само на Клиничкиот центар има околу 400 приватни специјализанти. Тие не отстапуваат од барањата за покачување на месечните примања, договори за вработување и здравствено осигурување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...