понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: клинички центар | 85 резултати

Таравари: „Ѓока констракшн“ е eдинствената фирма што се пријави да стопанисува со паркингот на Клинички

март 7, 2025

Фирмата „Ѓока констракшн“ од Албанија е единствената која се пријавила на распишаниот повик, а ќе стопанисува со паркингот во Клинички центар, иако не знам какво портфолио има, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, по информациите дека 20 години оваа фирма ќе стопанисува со паркингот на Клинички. Таравари рече дека го интересирало само дали фирмата […]

Moнтиран системот за компримиран воздух на Клинички

јануари 22, 2025

Монтиран и инсталиран е системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат во Министерството за здравство. Оттаму велат дека инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). „Извршена е замена […]

Една фирма се пријавила да набави и монтира станица со компримиран воздух на Клинички

септември 12, 2024

На огласот за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух”, се пријавила една фирма, соопшти денеска Министерството за здравство. Оттаму информираат дека денеска извршиле јавно отворање преку електронскиот систем за јавни набавки. „Пристигната е една понуда, за која во наредниот период во рамки […]

Формалдехидот кој бил најден во клиничкиот систем за кислород може да биде канцероген

јули 29, 2024

Формалдехидот ги иритира горните респираторни патишта, очите, и носот и може да предизвика алергии и воспаленија, а при подолготрајна изложеност може да биде и канцероген. Вака директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ги објаснува карактеристиките на формалдехидот за кој министерот за здравство Арбен Таравари рече дека е најден во клиничкиот систем за кислород. Неговиот […]

Таравари: Никој не се пријави на тендерот за набавка на компресорска станица, ќе објавиме нов

јули 26, 2024

Првиот тендер за набавка на компресори за хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ беше поништен бидејќи не пристигнала ниту една понуда. Министерот за здравство Арбен Таравари, и покрај тоа, денеска најави дека повторно ќе се оди преку јавна набавка. „Ќе одиме преку јавна набавка за да биде што потранспарентно и ќе бараме роковите што […]

Хирушките сали на Клинички ќе чекаат нови компресори до Нова година

јули 1, 2024

До Нова година се очекува да се нормализира работата на хируршките клиники при Клиничкиот центар, бидејќи дотогаш се очекува да бидат инсталирани нови компресори за кислород. На брифинг со новинарите, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека деновиве е објавен тендер за набавка на нови компресори. „Се надевам дека до крајот на декември ќе се […]

Град Скопје и општина Центар треба да го решат проблемот со урнатиот ѕид, велат во Министерството за здравство

јуни 11, 2024

Во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести, истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште, информираат денеска од Министерството за здравство. Реакцијата следува откако пред неколку дена, се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во […]

Манолева донела наредба хируршките сали на Клинички да работат со надворешни компресори

јуни 4, 2024

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска одржала состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух. Инаку, повеќе од 2 недели хируршките сали не се во употреба, а итните пациенти се пренесуваат во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и […]

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

април 16, 2024

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата. „Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем […]

Лекарите на Клинички на протест побараа повисоки плати и решавање на хаосот со паркингот

април 8, 2024

„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата на Министерството за здравство, барајќи повисоки плати и подобри услови за […]

Двегодишно девојче почина откако било претепано од таткото

јануари 11, 2024

Минатиот месец, татко од Кичево на триесетгодишна возраст, ја претепал својата двегодишна ќерка, а поради нанесените тешки телесни повреди, девојчето починало пред три дена во скопскиот Клинички центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 10 јануари во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија […]

Меџити: Во 2024 ќе има ригорозни мерки за аерозагадувачите и за пушачите

декември 27, 2023

Во најмодерните земји во светот се повикува на превенција во врска со аерозагадувањето. Ќе видите во наредната година, дека многу динамично ќе постапиме со мерки заеднички со сите министерства. Ќе има навистина ригориозни мерки за загадувачите. Мораме да се стремиме да сме дел од зелената еколошка карта, да има место за Македонија во светот. Ова […]

Eкономските и медицинските директори ќе се укинат после изборите, најави Меџити

декември 11, 2023

Новиот Клинички центар, кој треба да биде готов до јуни в година, ќе биде реорганизиран, односно секоја клиника нема да има посебен менаџмент, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој информира дека е започнат е процесот за укинување на организациските и медицинските директори, кој ќе заврши после изборите, односно во јуни. „Прв мој приоритет […]

Обединетото Кралство ќе ја финансира изградбата на нов Клинички центар, најави Меџити

декември 1, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретнал со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност да го поддржат финансиски проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. „На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка […]

Синдикатот на Клинички бара регулирање на платите, во спротивно најавува тужби и протести

август 3, 2023

Алармантна е состојбата во јавното здравство доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, проблемите со специјализантите, поставеноста на Клиничкиот центар и вработувањето партиски кадри. Ова денеска го порача Синдикатот на Клинички центар на кој му се приклучи и Иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат наречен „Хипократ“. Претседателот на Синдикатот на Клинички, Предраг Серафимовски на […]

Меџити: Клиничкиот центар ќе има еден генерален директор

мај 25, 2023

Фатмир Меџити, министерот за здравство очекува од јануари идната година да функционира еден Клинички центар, со еден генерален директор. Тој во изјава за медиумите потврди дека ова би значело дека ќе се укинат организациските, односно економските директори кои сега се назначени на клиниките. „Еднаш засекогаш сакам да се постават работите како што треба на Клинички, […]

Синдикатите и Министерството за здравство постигнаа договор за покачување на платите

март 30, 2023

Синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест, беа на средба во Министерството за здравство, велат дека постигнале договор. Според договореното, бруто покачување со мартовската плата од три илјади денари ќе имаат сите сестри, а две илјади денари за сите останати од помошно-техничкиот персонал, администрација и доктори. Ова го изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на […]

Фатмир Меџети: Приоритет ќе ми биде решавањето на сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар

март 8, 2023

Новиот министер за здравство Фатмир Меџети во изјава за медиумите денеска кажа дека ќе го решава сообраќајниот хаос во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мета.мк во декември лани пишуваше дека сообраќајниот хаос во овој дел е секојдневие за граѓаните кои се обидуваат да пронајдат паркинг место, а гужвите се и многу опасна ситуација за […]

Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

декември 15, 2022

По неколку часа откако ЕВН ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради долг од 6,5 милиони евра, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека струјата во оваа институција е повторно вклучена. Тој најави дека ќе се реши проблемот и со другите државни институции коишто со години натрупувале големи долгови за потрошената електрична енергија, како што е Клиничкиот […]

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

декември 9, 2022

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не […]

Страна 1 од 5