недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: владина одлука | 20 резултати

Македонија испраќа дополнителни 35 војници во „КФОР“ во Косово

25 октомври 2023

Владата на вчерашната седница донела одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на С.Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од […]

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

4 март 2023

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари донесена на 28.02.2023 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Владата ги обврза производителите да произведуваат и продаваат леб, тие најавија реакција денеска

3 март 2023

Владата синоќа донесе одлука со која ги обврзува производителите и трговците на леб да произведуваат и продаваат леб по утврдената цена од најмногу 33 денари. Ваквата одлука следува откако пред два дена големите производители и трговци со леб престанаа да доставуваат леб во маркетите како реакција на „замрзнатата“ цена. Од владата велат ако не се […]

Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]

1 март 2023

Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до […]

Владата донесе одлука за неколку категории стипендии за средношколците

19 октомври 2022

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта за тековната учебна година. Според одлуката, стипендии во износ од 3.500 денари месечно се предвидени за: талентирани ученици – спортисти; талентирани ученици од областите на природните и техничките науки; талентирани ученици од областа […]

Владата го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ

16 јули 2022

На одржаната 60-та седница, Владата ги разгледа и усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и врз основа на тие заклучоци донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по завршувањето на владината седница. „Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на […]

Борбата на организациите за Програмата за заштита од ХИВ полека тоне во финансиска празнина

12 април 2022

Во 2017 година Владата на Република Северна Македонија ги презеде сите финансиски одговорности за спроведување на програмите за заштита и превенција од ХИВ (вирусот што предизвикува хумана имунодефициенција) со што ја продолжи работата на Глобалниот фонд за борба против СИДА (синдром на стекнат имунолошки дефицит) што дотогаш инвестира 25,7 милиони долари за градење на националниот […]

Заев: Од утре вечер полициски час од 22 до 5 часот, ќе трае наредните 12 дена

9 март 2021

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека владата донела одлука за воведување на полициски час, којшто ќе почне утре вечер (10 март 2021 г.) и ќе трае до 22 март. Полицискиот час во овој период ќе трае секој ден од 22 часот навечер до 5 часот наутро, со што практично се прифати вчерашниот предлог […]

Корона кризата ја закочи и реализацијата на Стратегијата за енергетика до 2040 година

18 септември 2020

Најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година ќе почека подобри економски и политички моменти за старт. Ковид кризата која ги закочи економските текови, како и парламентарните избори, го одложија предвидениот термин за прифаќање на едно од трите предложени сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио). Рокот кога Владата требаше да избере едно […]

Од утре се отвораат сите гранични премини, но со посебни услови за влез во земјава

16 јуни 2020

Владата на денешната седница донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. „Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација […]

15 јули ќе биде неработен, на 13 и 14 јули ќе гласаат болните, позитивните на ковид-19 и оние во самоизолација

16 јуни 2020

Владата на вчерашната 68-ма седница донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година. Молкот пред денот на гласање ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела. Гласањето на 15 јули ќе започне во 07 часот и ќе трае непрекинато до 21 часот. На […]

Владата со уредба до закупците: Плажите на Охридското езеро да се вратат во првобитна состојба

10 јуни 2020

Летната сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со дополнувањето, се задолжува закупецот да го врати во […]

Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

5 мај 2020

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во […]

Антикорупциска утврди судир на интереси кај Анѓушев, тој вели не го прекршил законот

15 ноември 2019

Антикорупциската комисија донесе иницијатива со која од премиерот Зоран Заев ќе бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев во однос на владината одлука да се намали цената на литиумските батерии за акумулатори. Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, антикорупционерите во овој случај утврдиле судир на интереси, а за донесување на одлуката гласале мнозинството членови […]

Недоследности и популизам околу „Мерцедесот“

9 март 2018

Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“. Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ […]

Владата го блокираше поскапувањето на водата од „Студенчица“

30 јануари 2018

Владата на денешната седница го блокираше поскапувањето на водата за корисниците на Јавното претпријатија за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево. Како што стои во владиното соопштение, бил разгледан Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги од Регионалниот водовод „Студенчица“ и е донесена одлука да не се даде согласност за покачување на цената на водата што […]

Страна 1 од 1