fbpx

Владата ги намали коефициентите за пресметка на платите на функционерите

Во владиното соопштение не е точно наведено за колку се намалени коефициентите на платите на функционерите, за што се очекува подетално образложение од Владата. Одлуката следува откако лани Уставниот суд го укина замрзнувањето на коефицинетите, по што платите на над 700 функционери се зголемија за 78 проценти

-

Владата на на вчерашната седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Со Одлуката, се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.

„Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица“, се вели во владиното соопштение.

Таму не е точно наведено за колку се намалени коефициентите на платите на функционерите, за што се очекува подетално образложение од Владата.

Лани функционерите започнаа да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите се зголемија за 78 проценти.

Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години таа беше замрзната. Судот лани во март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите значително се зголемија, што предизвика жестоки реакции во јавноста.

Имено, Уставниот суд укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, и со тоа отвори пат кон зголемување на платите на околу 700 функционери за дури 78 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...