Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“.
Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ во 2015 година. Потоа, на сите митинзи актуелниот премиер Зоран Заев, како лидер на најголемата опозициска партија ветуваше дека ќе го продаде „Мерцедесот“ и за тие пари ќе купи амбулантни возила. Тоа беше ветувано и во изборните кампањи за предвремените избори, а можеби и во кампањите за локлните избори, во општиот дел на говорите.
Повеќе на оваа тема прочитајте на „Вистиномер.мк“.