Владата го блокираше поскапувањето на водата од „Студенчица“

-

Владата на денешната седница го блокираше поскапувањето на водата за корисниците на Јавното претпријатија за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево.

Како што стои во владиното соопштение, бил разгледан Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги од Регионалниот водовод „Студенчица“ и е донесена одлука да не се даде согласност за покачување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.

„Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните, и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП „Студенчица“ да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата“, се наведува во соопштението.

Трамп воведува високи царини за Србија и БиХ од 1 август, неизвесно дали и Македонија ќе добие писмо

САД од 1 август ќе воведат високи царини за увозот од најмалку 14 држави, меѓу кои се и две држави од Западен Балкан – Србија и Босна и Херцеговина. Претседателот Доналд...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Трамп воведува високи царини за Србија и БиХ од 1 август, неизвесно дали и Македонија ќе добие писмо

САД од 1 август ќе воведат високи царини за увозот од најмалку 14 држави, меѓу кои се и две држави од Западен Балкан – Србија и Босна и Херцеговина....