fbpx

Владата ги обврза производителите да произведуваат и продаваат леб, тие најавија реакција денеска

Ваквата владина одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен весник, а ќе се применува до 31 мај годинава

-

Владата синоќа донесе одлука со која ги обврзува производителите и трговците на леб да произведуваат и продаваат леб по утврдената цена од најмногу 33 денари. Ваквата одлука следува откако пред два дена големите производители и трговци со леб престанаа да доставуваат леб во маркетите како реакција на „замрзнатата“ цена. Од владата велат ако не се придржуваат до одлуката ќе се соочат со инспекции. Трговците, пак, најавија прес-конференција во текот на денот на која ќе го соопштат нивниот став по ваквата владина одлука.

„Трговците имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и продаваат најмалку 80% од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел) во нивните маркети“, соопшти Владата.

Според одлуката, пекарите и трговците со леб ќе мораат да произведат и да понудат на пазарот најмалку 80 отсто од производството на бел и полубел леб во текот на декември 2022 година. Одлуката ќе важи до крајот на мај годинава, односно следните три месеци.

„Доколку не ги почитуваат ваквите обврски трговците и производителите на леб, ќе се соочат со инспекциските тела, кои изминативе денови се постојано на терен“, велат од Владата.

Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека за два дена извршиле инспекциски надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на целата земја. Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат изјави дека веќе казниле четири фирми поради продажба на леб поскап од 33 денари, при што биле изречени парични казни од над 300.000 денари.

За непочитување на владината одлука за замрзнување на цената на 33 денари за белиот и полубелиот леб предвидени се казни од 500 до 10.000 евра за правните субјекти или од 50 до 500 евра за одговорното лице, во согласност со Законот за трговија.

Владата одлучи да ја замрзне цената на овие два типа на леб во вторникот откако беше соопштено дека проверките на Пазарната инспекција покажале дека иако компаниите добиваат субвенционирана струја, цените на лебот не ги намалиле или ги намалиле незначително. Наспроти ова, производителите на леб здружени во мелничко-пекарската индустрија во понеделникот се заканија дека ако се замрзне цената на белиот и полубелиот леб, тие ќе го прекинат производството на леб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...