Од следниот месец нема повеќе гарантирани цени во маркетите

По поевтини цени граѓаните можеа да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук. Со оваа одлука беа опфатени и безалкохолните пијалоци и пивото

-

Нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши за МИА. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе и до намалување на цените на прехранбените производи.

Очекувањата на Бектеши се ова законско решение, да биде усвоено во Собранието најкус можен рок.

„Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува оваа недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи“, вели Бектеши.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, Бектеши вели дека уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија е усвоен од Владата и доставен до Собранието.

Согласно владина одлука, која прво важеше до крајот на ноември мината година, а потоа неколкупати беше продолжена, од септември по намалени цени се продаваат прехранбени производи од вкупно 24 категории. Меѓу другото, по поевтини цени граѓаните можеа да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук. Со оваа одлука беа опфатени и безалкохолните пијалоци и пивото.

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација,...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина...