среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Крешник Бектеши | 187 резултати

Наместо за студентите, ваучерите за туризам повторно кај работниците со ниски приходи

9 февруари 2024

Министерството за економија денеска соопшти дека ќе доделува потврди-ваучери за одмор за домашен туризам за работници со ниски приходи. За оваа мерка, што четири години ги опфаќа работниците со ниски примања, претходно беше најавено дека годинава ќе биде наменета за студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства, но Министерството се премисли. Јавниот повик ќе биде […]

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност

31 јануари 2024

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше за мерката која ќе се спроведува од страна на Министерството за економија која предвидува доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и да се заштеди електрична енергија. За оваа мерка за 2024 година […]

Нема одлука дека цената на струјата по Нова година ќе се зголеми за 30 проценти

18 декември 2023

Засега нема официјална одлука дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата. Никој досега не кажал дека струјата по Нова година ќе поскапи за 30 проценти, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Енергетските компаниите ги доставиле своите калкулации и според нив, цената на струјата би требало да се зголеми за […]

Македонија ја претстави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на COP28

5 декември 2023

Северна Македонија денеска ја претстави и најави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција со цел успешна транзиција кон ниско-јаглеродна економија и праведна транзиција на енергетскиот сектор, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Платформата претставува пресвртница за земјата која е историски зависна од јаглен и ја истакнува нејзината амбиција да го трансформира својот енергетски […]

Бектеши гарантира дека цената на струјата ќе остане иста и по 1 јануари

23 ноември 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа, со што би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоум, а наскоро ќе има нов […]

Бектеши: Следната недела нов пакет антикризни мерки, стапката на инфлација е преполовена

7 ноември 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела може да се очекува новиот пакет антикризни мерки. „Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или […]

Прехранбените производи по „гарантирана цена“ ќе се продаваат до крајот на годинава

27 октомври 2023

„Гарантираната цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годинава, а производителите, дистрибутерите и трговците ќе може и на акциски цени да ги продаваат земјоделските и прехранбените производи. На предлог на Министерството за економија, на денешната владина седница беше донесена Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на […]

Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

26 октомври 2023

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија […]

Бектеши: Ќе бараме отштета ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас

25 октомври 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека земјава ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ доколку се воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија и не бидат ослободени количините гас кои се закупени од страна на „Газпром“ за С. Македонија. Реакцијата следува откако источниот сосед воведе транзитна такса […]

Бектеши: Приоритет ни е зелената транзиција

25 октомври 2023

Една од главните цели на енергетската политика на С. Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Ова го кажа министерот за економија Крешник Бектеши во […]

Нов Закон за забрана на нефер трговски практики – рабатот нема да смее да биде над 10 отсто

12 октомври 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши го најави новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, преку кој треба да се регулираат 26 нефер трговски практики. Новиот закон предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави министерот за економија, ќе […]

Бектеши: Царината за увоз на дел од овошјето и зеленчукот се намалува на 10 отсто

28 септември 2023

Владата на денешната седница донела одлука да се намалат царинските давачки за увоз на дел од овошјето и зеленчукот во земјава на 10 отсто, информираше претпладнево министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „10 минути“ на Телевизија 24. Станува збор за намалени царини за доматот, краставиците, благите и лутите пиперки, кромидот, празот, карфиолот, […]

Бектеши: Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе се прави анализа

25 септември 2023

Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандардот на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигиенските производи, кажа министерот за економија […]

Бектеши: За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци

20 септември 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10 проценти во наредниот период. „Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат […]

Објавена листата на прехранбени производи кои поевтинуваат за 10 отсто

19 септември 2023

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги определи највисоките цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Според министерот за економија Крешник Бектеши, листата на производи во наредниот период најверојатно ќе се […]

Бектеши: Производите со намалена цена од среда ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“

18 септември 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека изготвена е листата на производи опфатени во одлуката за намалување на цените која што на предлог на Министерството за економија треба да се усвои од Владата на следната седница. Согласно предлог-одлуката трговците на мало ќе имаат обврска да ги означат цените на намалените производи со ознаката „гарантирана цена“. […]

Маркетите се согласија да ги намалат цените за 10% на над 50 прехранбени производи

14 септември 2023

Претставниците на осум синџири на маркети во Македонија се согласија од наредната недела да ги намалат цените на над 50 основни прехранбени производи за 10 отсто, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија […]

Бектеши: Ќе се забранат акции и промотивни цени во маркетите, ќе има замрзнување на цените

13 септември 2023

Ланската, кризна година најголемите синџири на маркети не само што ја завршиле позитивно, туку и со профити и зголемување на приходите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, и објави дека Министерството за економија испратило предлог до Владата да се воведе забрана за акциска продажба и промоција на продукти од страна на синџирите маркети до […]

Членството во ЕУ ќе ги задржи младите дома и ќе отвори фондови од 1 милијарда евра годишно

31 август 2023

Членството на Северна Македонија во Европската Унија ќе ги задржи младите дома, а на земјава ќе ѝ отвори можност да користи по 1 милијарда евра годишно од структурните и кохезионите фондови. За ова зборуваше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вчерашната трибина „Ние сме Европа“ што се одржа во центарот на Скопје. „Ако сега […]

Министрите од ДУИ ги потпишаа условените оставки

1 август 2023

Министрите од ДУИ Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири ги доставиле оставките до премиерот Димитар Ковачевски, соопштија тие преку социјалните мрежи.  „Како носител на важна јавна функција, свесен за благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина која несомнено има свое место во големото европско семејство, имајќи го предвид името на политичкиот субјект […]

Страна 1 од 10