fbpx

Нов Закон за забрана на нефер трговски практики – рабатот нема да смее да биде над 10 отсто

Министерот за економија Бектеши вели дека со новиот закон ќе се намалат цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе се влијае врз подобрување на нивниот квалитет

-

Министерот за економија Крешник Бектеши го најави новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, преку кој треба да се регулираат 26 нефер трговски практики. Новиот закон предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави министерот за економија, ќе ги намали цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.

За прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.

„Законот ќе ги уредува условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, кажа министерот Бектеши пред претставници на Стопанската комора на Северна Македонија каде што го презентираше новото законско решение кое е веќе објавено на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР) и во наредните 20 дена е отворен за дискусија и забелешки.

Министерот кажа дека по завршување на дебатата за законот финалниот текст ќе биде доставен до Владата и потоа предложен до Собранието да се носи со европско знаме со оглед на тоа што во него се транспонирани најголем дел од европските регулативи.

„Ова законско решение ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговија во делот на на земјоделски и прехранбени производи и нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании. Ова законско решение би требало веднаш откако ќе почне да се применува да влијае врз намалување на цените на прехранбените и земјоделските производи, да виијае врз подобрување на квалитетот на производите, како и да ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите“, рече Бектеши.

Во законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената.

„Со ова решение ќе биде ограничено на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените“, вели Бектеши.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра, но министерот кажа дека и за овој дел од текстот ќе се разговара дополнително.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...