Прехранбените производи по „гарантирана цена“ ќе се продаваат до крајот на годинава

Со последната владина одлука, производителите, дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција

-

„Гарантираната цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годинава, а производителите, дистрибутерите и трговците ќе може и на акциски цени да ги продаваат земјоделските и прехранбените производи.

На предлог на Министерството за економија, на денешната владина седница беше донесена Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно забрана на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи.

Владата донела и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки сцени за одделни производи на трговија на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според која рокот за важење на оваа одлука се продолжува од 30 ноември до 31 декември, односно до крајот на годината.

Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција овие две одлуки се носат по консултација со бизнис секторот и врз анализи на надлежните институции.

„По широката и конструктивна дискусија со трговците и на мало и големо, како и компаниите за производство на прехранбени производи и претставници на Стопанската комора, за да нема заблуда кај претставниците од секторот трговија, денеска беше целосно укината Одлуката за забрана на акции и промоции. Бидејќи одредени трговци на мало ја толкуваа претходната Одлука дека немаат можност да имаат акции и промоции, сега со последното прецизирање, односно измена и дополнување на Одлуката и производителите и дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција“, кажа министерот Бектеши.

Во однос на втората Одлука, министерот појасни дека податоците на терен покажуваат дека мерката за намалување на цените на основните прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ има простор да важи до крајот на годината.

„Имајќи предвид дека е подготвен финалниот текст на Законот за нефер трговски практики, кој треба за кратко време да биде доставен во Собранието, а очекуваме да биде изгласан од пратениците, одлучивме мерката за намалување на цените на дел на основните прехранбени производи, како и знакот „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Тоа ќе значи дека потрошувачите ќе бидат заштитени од евентуално повторно зголемување на цените“, изјави министерот Бектеши.

Одлуката за 10% намалени цени коишто се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало, како и безалкохолни и алкохолни пијалаци, ќе важи до 31 декември 2023 година.

Производите што ќе се продаваат по „гарантирана цена“ вклучуваат бел ориз, пченично брашно тип 400 и тип 500, бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), други пекарски производи, бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни, наполитанки, тестенини, јунешко месо без коски, свинско месо без коски, мелено месо свинско и јунешко, пиле, пилешки стек, чаен колбас, пилешка посебна салама, паштета од џигер и пилешка, трајно кравјо млеко, јогурт од кравјо млеко, кисело кравјо млеко, павлака од кравјо млеко, традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење, традиционален кравји и мешан кашкавал, свежи јајца, светло пиво, газирани и негазирани пијалоци и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...