недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: владина седница | 120 резултати

Владата одвои 2 милијарди денари за реализација на 66 проекти низ општините

декември 14, 2023

Нови градинки, училишта, патишта и други градежни проекти ќе се реализираат во општините со средства издвоени од државниот буџет. Владата на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје, Центар, […]

Владата преку кратењето на придонесите за социјално осигурување сака да ги зголеми платите

декември 12, 2023

Владата на денешната седница донесе Предлог на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување, којшто има за цел да доведе до зголемување на платите, информираат од владината прес-служба. „Со овој закон, како што е образложено од предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се стимулира зголемување на платите на […]

Владата со деветти пакет антикризни мерки тежок 662 милиони евра

ноември 28, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одржа прес-конференција, на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој денеска беше усвоен на владината седница. „Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во […]

Прехранбените производи по „гарантирана цена“ ќе се продаваат до крајот на годинава

октомври 27, 2023

„Гарантираната цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годинава, а производителите, дистрибутерите и трговците ќе може и на акциски цени да ги продаваат земјоделските и прехранбените производи. На предлог на Министерството за економија, на денешната владина седница беше донесена Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на […]

Институтот по белодробни заболувања кај децата „Козле“ прераснува во универзитетска клиника

октомври 25, 2023

Владата, на вчерашната седница донела Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје. „Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво […]

Владата даде рок од 3 месеци за да се најдат можни места за дислокација на кафеавите мечки

октомври 18, 2023

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Ова е дел од одлуката на вчерашната владина седница, а во врска со зголемениот број мечки во Маврово […]

За луксузни возила и оние што повеќе загадуваат ќе се плаќаат повисоки давачки при увоз

октомври 17, 2023

Владата на денешната седница усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, информираат од владината прес-служба. Повисоки даноци при увозот ќе се […]

Бектеши: Царината за увоз на дел од овошјето и зеленчукот се намалува на 10 отсто

септември 28, 2023

Владата на денешната седница донела одлука да се намалат царинските давачки за увоз на дел од овошјето и зеленчукот во земјава на 10 отсто, информираше претпладнево министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „10 минути“ на Телевизија 24. Станува збор за намалени царини за доматот, краставиците, благите и лутите пиперки, кромидот, празот, карфиолот, […]

Владата одлучи: Грци ќе ја градат хидроелектраната „Чебрен“

септември 14, 2023

Владата на денешната седница донесе одлука конзорциумот од грчки компании да ги избере за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, информираат од владината прес-служба. Владата ја разгледала и усвоила Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање за Извештајот од евалуацијата на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за […]

Фондот ЕУРОИМАЖ чекор поблиску за финансирање телевизиски серии во земјава

септември 5, 2023

Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од учество на Република Северна Македонија во пилот програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на ЕУРИМАЖ и го прифатила текстот на Договорот меѓу Советот на Европа и Министерството за култура на Северна Македонија за финансирање на проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“, […]

Николовски не гледа причина за поскапување на лебот

август 22, 2023

Владата на денешната седница донесе одлука за нова финансиска поддршка од 3 денари по килограм на производителите на пченица и јачмен, а помош ќе добијат и производителите на домати и краставици. Притоа, министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека пазарот е стабилен и не постои ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени […]

На владина седница донесена одлуката за основање на студентскиот дом во Тетово

август 22, 2023

На денешната владина седница беше изгласана одлуката за основање на Студентскиот дом во Тетово, информираше попладнево министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој додава дека целата работа била заокружена од Министерството за образование и наука, по што владата ја донела денешната одлука со која процесот на основање на овој студентски дом е комплетирана. Инаку, […]

Асаф Абдурамани нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

август 15, 2023

Владата на денешната седница ја констатирала оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и го именувала Асаф Абдурамани за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување, информираат од владината прес-служба. Фатон Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави дека си поднесува оставка од функцијата генерален […]

По примерот со Србија, наскоро ќе имаме заеднички гранични премини и со Косово

јули 4, 2023

Македонија и Косово наскоро планираат да воспостават заеднички гранични премини налик на оној меѓу Табановце и Прешево којшто веќе подолг период функционира со Србија. Станува збор за два заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“. Владата на денешната седница го разгледала и усвоила Извештајот за извршените преговори со косовската влада, а […]

Ковачевски верува во пратениците за уставните измени, предлогот уште не поминал на влада

јуни 21, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека меѓу 120 пратеници од Собранието на РСМ има мнозинство кое е за европската интеграција на државата и се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став за уставните измени искажан на лидерската средба што се случи пред две недели. „Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став, јавно искажан […]

Владата одлучи: За возилата ќе има налепници „НМК“, а не нови регистaрски таблички

мај 16, 2023

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на веќе постоечките регистарски таблици на возилата, предложена од Министерството за внатрешни работи. Од Владата велат дека со ставањето налепница на регистарските таблици, од една страна, во целост ќе се почитува обврската за означување на […]

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

февруари 21, 2023

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. „Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите […]

Жените-земјоделки што ќе родат до 1 декември годинава, ќе добиваат платено породилно, одлучи Владата

февруари 7, 2023

Жените-земјоделки ќе користат надоместок за мајчинство во времето кога ќе бидат спречени да ја вршат земјоделската дејност поради раѓање, одлучи Владата на последната седница. Ова, како што е наведено во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е историска одлука со која е усвоена предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои […]

Реакции во Србија по објавувањето на француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово

јануари 23, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствува на седницата на Владата на Србија, на која, како што пишува „Нова.рс“, најверојатно ќе се разговара за деталите за француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово. Вучиќ, како и неколку членови на српската влада, претходно изјавија дека позицијата на Србија е тешка, дека земјата не ја очекуваат лесни […]

Јовица Стојановиќ назначен за нов в.д. директор на Управата за извршување санкции

јануари 18, 2023

На денешната 120 владина седница, бил прифатен предлогот на министерот за правда, в.д. директор на Управата за извршување санкции, да биде Јовица Стојановиќ. Ова следува откако вчера беше разрешен директорот на Управата, Марјан Спасовски. „Владата го прифати и предлогот на Министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за […]

Страна 1 од 6